Економија, финансии, бизнис

Контакт

Истокот се испразни, печалбарите заминаа на лозјето во Италија и Швајцарија

Истокот се испразни, печалбарите заминаа на лозјето во Италија и Швајцарија

Сезоната на лозјето почна а истокот викендов се испразни. Надежта за подобра егзистенција и ова лето ќе ги наполни швајцарските и италијански плантажи.

Автобуси полни со вработени, невработени, а и многумина административци со бугарскиот пасош в џеб и торби полни храна заминаа на печалба на лозјето во овие две држави кои се најчеста дестинација за граѓаните од Делчевско и околината.

„Во Италија ни плаќаат по 6 евра за час, тамошни две дневници е една наша плата тука“, велат соговорниците.

Други пак велат таму се работи ама се знае зошто се работи.

„Овде работникот никој не го цени. Таму работиш и знаеш дека ќе заработиш за достоен и нормален живот, а не за да преживееш. Ние со години работиме на лозје во Швајцарија секоја сезона и носиме чисти пари кои тука не можеме да ги запечалиме ниту за две години“... велат дел од оние кои во саботата ги спакуваа куферите и заминаа од родниот град.

Без бугарски пасош нема работа

Услов да се дојде до работа во некое од лозјата во Италија или Швајцарија е бугарскиот пасош.

Токму граѓаните на Делчево и истокот се најбројни со бугарска патна исправа.

Се повеќе Македонци посегнуваат по бугарски патни исправи поради солидна животна егзистенција и денар плус за парче леб.

„Најмногу се земаат пасоши од економски причини, но јас имам и луѓе кој се познати политичари, директори, лекари овде работаат, но сепак сакаат друг пасош и се свесни дека да се користат правата на друга држава е благодетна работа“, вели еден од посредниците за Фактор.

Оние кои се одлучуваат на чекорот да извадат бугарски пасош велат дека тоа им е единствен спас за егзистенција кога државата не им ја отвара вратата кон подобра работа и поголема плата.

И студентиве масовно по сезонска работа

После печалбарите, и студентите годинава го испразнија Делчево и заминаа во Германија, дел во Америка.  Побарувачката за бугарски пасоши е голема и кај беровчани, струмичани, битолчани и охриѓани.

Се почесто студентите обвинуваат за партиски вработувања и велат дека ако немаш партиска книшка до работа тешко ќе дојдеш .

„Принудени сме да бараме бугарски пасош и да заминеме во Германија. Таму веќе има многу студенти кои дипломирале и се вработиле, па преку нив и ние полесно наоѓаме работа. Деновиве го земавме пасошот и викендов и ние одиме кај другарите“, раскажуваат за фактор младите делчевчани .

Во Германија најмногу се работи во кинг бургери, во хотели и слично.

Сепак прашањето кое многумина го поставуваат е колкумина од оние што заминале се вратиле, и ќе се вратат?

Која е процедурата за вадење на бугарски пасош прочитајте овде.

Слично

Поврзани вести