ИСКУСТВО: Најпознати извршни директори споделуваат со вас нивни совети!
Човек може да научи многу од најпознатите извршни директори во светот. Тие знаат многу за животот, како и за бизнисот. Настрана долгите часови кои ги поминуваат во канцеларија, бескрајните состаноци и постојаните стратегии кои треба да ги измислуваат, тие често се борат и со далеку поголеми проблеми. Балансирањето помеѓу кариерата и семејството и неизбежната средба со неуспехот. Говорејќи од искуство, тие делат неколку совети за тоа што го научиле во текот на нивното лудо патување, наречено живот.
Ви претставуваме 7 совети кои можете да ги научите од најпознатите CEO ( главни извршни директори) во светот
1. Лари Пејџ - CEO на Google "Кога го менувате светот и работите врз важни нешта. Секое утро се бидите исклучително возбудени, бидејќи знаете дека правите нешто значајно.
"2. Ворен Бафет - CEO на Berkshire Hathaway" Може да потрае 20 години дури да изградите репутација и само пет минути да ја уништите. "
3. Мари Бара - CEO на General Motors "Правете нешто што ве возбудува. Направете нешто што го сакате. Ако се занимавате со она што ве возбудува, тогаш успехот ви е сигурен. "
4. Арон Смит - CEO на KX Group" Првото нешто што треба да направите е да патувате по светот. Ништо не ги отвора очите повеќе од тоа да го обиколите целиот свет, да го проширите вашето размислување, да ги поткрепите комуникациските вештини и да се запознаете со луѓе од други култури. Световното искуство е непроценливо.
5. Ендрју Ливерис - CEO на Dow Chemical" Луѓето можат да бидат купени преку џебови и можат да бидат стимулирани преку нашите мозоци. Но само ако ги освоите нивните срца, тие ќе ви го дадат најдоброто од себе, диктирано од сопствените страсти.
"6. Џо Барстон - CEO на Inspiring Rare Birds" Откријте ја вашата страст, а потоа стремете се да бидете најдобри на планетата во она што го правите.
"7. Стив Џобс (1955 - 2011) - CEO на Apple" Да се сеќаваш дека ќе умреш, е најдобар начин кој го знам, за да избегнеш од стапицата на тоа да мислиш дека имаш нештошто ќе го изгубиш. Ти си веќе гол. Нема причина да не го следиш срцето. "
