Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезнат водителот Димитар?

Исчезнат водителот Димитар?

Вчера безбедносните камери во Скопје Сити Мол фатија несекојдневна случка која денеска е вистински хит на социјалните медиуми. Имено, видеото од неверојатниот настан кој се случил вчера, а главен лик е популарниот македонски ТВ и радио водител Димитар Атанасовски, предизвика голема заинтересираност во јавноста.

Видеото е дел од најновата кампања на Skopje City Mall за настанот „Magic World“, која претсавува интеркативна интернационална изложба која патува низ Европа, а соодржи илузионистички поставки, магионичарски перформанси, училиште за магија и други активности.

Инаку Димитар оваа недела е актуелен со новиот телевизиски проект кој најави дека наскоро треба да започне.

Каде исчезна Димитар Атанасовски и како исчезна можете да откриете на големото отворање на настанот на 20ти мај во 11:00 часот.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/EotiXhZCJ1o[/embed]
Слично

Поврзани вести