Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРВАС СО КУПЧЕ СНЕГ НА НОСОТ, ЧЕСТИТКА ЗА БОЖИК СПОДЕЛИЈА КЕЈТ И ВИЛИЈАМ: Уметникот е 9-годишниот Џорџ

ИРВАС СО КУПЧЕ СНЕГ НА НОСОТ, ЧЕСТИТКА ЗА БОЖИК СПОДЕЛИЈА КЕЈТ И ВИЛИЈАМ: Уметникот е 9-годишниот Џорџ

Принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт Мидлтон споделија цртеж кој е уметничко дело на нивниот 9-годишен син, Џорџ, со што го честитаа Божик.

Момчето наслика ирвас со купче снег на носот, по што огромен број фанови на кралското семејство ги споделија своите размислувања за тоа колку е „слатка“ честитката, при што многумина предложијаЏорџ да направи божиќни честитки за следната година.

Талентираниот мал уметник направи дело со разни тонови на бои и создаде чувство на длабочина, пишува Mirror.

Различни тонови на сина боја се измешани во позадина, со што младиот благородник го воодушеви светот со својата работа.

Споделувајќи фотографија од прекрасната честитка на нивната официјална страница на Твитер, родителите на Џорџ напишаа: „Среќен Божиќ! од Џорџ“.


Слично

Поврзани вести