Економија, финансии, бизнис

Контакт

iPhone прават за 225 долари, а го продаваат три пати поскапо

iPhone прават за 225 долари, а го продаваат три пати поскапо

Компанијата Епл неодамна го претстави новиот модел iPhone 7 кој на српските специјализирани сајтови се продава за цена која се движи во распон од 800 до 1200 евра. Во Македонија седмицата ќе пристигне при крајот на месецов.

Во целиот свет завладеа “вирус“ за најновото чедо на компанијата Епл кој не е ниту малку евтин.

Но, знаете ли колку компанијата Епл ја чини производство на еден уред?

Во САД најевтината верзија на iPhone 7 чини 650 долари, а како што пишуваат светски сајтови неговото производство е три пати поевтино и чини 225 долари.

Значи, корисниците во САД плаќаат повеќе од 400 долари за еден iPhone 7 преку неговата производна цена.

Би требало да напоменеме дека во текот на истражувањата не се земени предвид трошоците за рекламирање и развој на самиот уред.

Слично

Поврзани вести