Економија, финансии, бизнис

Контакт

iPhone 8 ќе се забави до октомври-Каде заглави Apple?

iPhone 8 ќе се забави до октомври-Каде заглави Apple?

Дебито на новиот iPhone 8 може да се забави за месец дена. Причината се проблеми со производството на хардверските компоненти за јубилејнот смартфон на Apple.

Според сајтот 9to5mac, масовното производство на јубилејниот iPhone нема да започне пред октомври, што значи одложување од најмалку еден месец, наспроти досегашниот бизнис модел на Apple. Традиционално компанијата од Купертино ги презентира новите телефони во септември.

Една од причините за ситуацијата е новиот OLED дисплеј, на кој ќе работи iPhone 8. Во исто време Apple ќе користи и нов 3D Touch модул, како и предна камера со додадена реалност во уредот. Компанијата има потреба од повеќе време да произведе доволен број од овие компоненти, за да одговори на високата побарувачка за iPhone 8.

Сите овие подобрувања ќе придонесат за доцнењето на премиерата на долгоочекуваниот паметен телефон. На крајот тоа значи дека корисниците ќе треба да почекаат малку повеќе, за да можат да се стекнат со iPhone 8.

Според податоците на аналитичарите повеќето од нив ќе ја почекаат премиерата на смартфонот, и покрај забавувањето, и нема да се ориентираат кон друг модел.

Ситуацијата е доказ дека Apple се соочуваат со многу сериозна конкуренција на водечките производители со Аndroid во 2017 година, што исто така придонесува за недостигот на компоненти.

Има голема веројатност компанијата да претстави неколку различни верзии на iPhone, а само една од нив има OLED екран и ќе дебитира во подоцнежна фаза на пазарот.

Слично

Поврзани вести