Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвестирањето во акции не е само за богатите - со ВФП Фонд Менаџмент инвестирајте во над 100 компании!

Инвестирањето во акции не е само за богатите - со ВФП Фонд Менаџмент инвестирајте во над 100 компании!

Инвестициските фондови не се само за богатите! Нивната основа на постоење е да ги направат можностите за инвестирање достапни за секој граѓанин,преку пристапен, лесен, транспарентен начин на инвестирање и оплодување на средствата на долг рок. Инвестирањето во акции може да биде интересно и за луѓе кои до сега немаат искуство во инвестирање, а за тоа не им се потребни огромни износи на средства. Денес, со мал износ можете да купите удели во инвестициски фонд со широко диверзификувано портфолио од акции од над 100 реномирани и просперитетни компании.

https://www.instagram.com/p/DWT19N3Deu9/

Без разлика дали штотуку го започнувате вашето инвестициско патување или сакате да го диверзифицирате вашето портфолио, инвестициските фондови нудат можност да го зголемите вашиот капитал и да ја зацврстите вашата финансиска иднина.

Клучот за успешно инвестирање лежи во тоа да започнете рано, да останете доследни и да инвестирате на долг рок. Флексибилноста за инвестирање на долг рок со мали или променливи износи без ограничувачки лимит, ги позиционира инвестициските фондови како една од најдостапните и најфлексибилните форми на вложување денес.

Со инвестициските агенти и портфолио менаџерите на ВФП Фонд Менаџмент добивате континуирана експертска поддршка преку јасен, безбеден и целосно транспарентен процес на инвестирање и следење на средствата: Потпишувате комплетна и јасна документација, добивате потврда за купени удели во инвестициски фонд, а преку вашиот онлајн профил можете секојдневно да  го следите растот на вашите средства и состојбата на сметката. Тим од аналитичари ја пресметуваат вкупната вредност на портфолиото која може да опфаќа акции, обврзници, и други форми на хартии од вредност.

Сигурноста е голема, бидејќи постои и банка чувар на фондот – Комерцијална банка, со што се обезбедува двојна, независна контрола и дополнителна сигурност за инвеститорите. Годишните извештаи на ВФПФонд Менаџмент се ревидираат од независен ревизор, а работењето на друштвото е под континуиран надзор од Комисијата за хартии од вредност (КХВ).  На овој начин, контролата на повеќе нивоа при инвестирање во инвестициски фондови создава стабилна и сигурна основа за заштита на капиталот, овозможувајќи им на инвеститорите долгорочна финансиска слобода и навремен пристап до своите средства кога тоа им е најпотребно.

ПР објава

Слично

Поврзани вести