Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕСТИРААТ И КУПУВААТ ИМОТИ: Градовите кои ги привлекуваат ултрабогаташите

ИНВЕСТИРААТ И КУПУВААТ ИМОТИ: Градовите кои ги привлекуваат ултрабогаташите

Многу е пишувано за навиките и преференциите на најбогатите луѓе во светот.

Агентот за луксузни имоти Knight Frank и истражувачката компанија Wealth-X го претставија годишниот извештај за богатството, каде се наведени и градовите во кои милијардери и милионери претпочитаат да купат имот и колку ги чини тоа.

Истражувањето се концентрира на личностите со ултра високо богатство - над 30 милиони долари средства.

Така е направен индекс на најважните градови за супер богаташите.

Еве Топ 14 од овие метрополи:

14. Сеул

Јужнокорејската престолнина се дефинира како еден од градовите кои во наредните 10 години ќе привлекуваат многу од супер богатите луѓе.

13. Франкфурт

Германската финансиска престолнина може да е еден од градовите кој ќе извлече најмногу бенефиции по излегувањето на Велика Британија од ЕУ и да го турне Лондон од местото финансиски центар на Европа.

12. Париз

Француската престолнина паѓа од Топ 10, но сепак е втор најголем сколп од богаташките градови во Европа.

11. Сиднеј

Во Сиднеј е забележан сериозен бум на пазарот на луксузни недвижности, поставувајќи го градот на четврто место во светот по овој показател.

10. Чикаго

Американскиот град од средниот запад привлекува повеќе инвеститори во недвижности.

9. Токио

Јапонската престолнина е со добри позиции во однос на транспортна и инфраструктурна поврзаност, но заради економскиот застој на земјата малку заостанува.

8. Пекинг

Кинеската престолнина е меѓу најважните градови за најбогатите луѓе, а имајќи го предвид и зголемениот број на кинеските милионери, нејзините изгледи се уште подобри.

7. Сан Франциско

Градот е на 4-то место во светот по концентрација на супер богати луѓе поради бумот на технолошките компании од Силиконската долина. Тука и пазарот на недвижности е доста топол, а цените достигнуваат нови и нови рекорди.

6. Сингапур

Како едно од најдобрите места во светот за живеење и водење бизнис, Сингапур е природно и најпосетуваните места од ултра богатите. Покрај сето тоа, има и одлични воздушни врски со Западот.

5. Лос Анџелес

Американскиот град е нов во ранг, но е на третото место по инвестиции во недвижен имот на богатите.

4. Шангај

Оваа година кинескиот град се крева со две места во ранг.

3. Хонгконг

Хонгконг привлекува огромен број странски работници и е дом на третата по големина заедница од ултра богати луѓе со приход во над 30 милиони долари.

2. Њујорк

Сосема малку му достигнува да е број 1 на листата, со оглед дека се очекува да биде градот со најмногу богаташи со состојба над 30 милиони долари во наредните години.

1. Лондон

Финансиски центар, со одлични можности за бизнис, удобни транспортни врски со целиот свет и поволна економска и политичка средина, британската престолнина е врвот на местото за ултра богатите. Треба да видиме дали ќе ја задржи својата позиција по заминувањето од ЕУ.

Слично

Поврзани вести