Економија, финансии, бизнис

Контакт

Генерали Инвестментс: Годинава очекуваме релативно успешна контрола на пандемијата и враќање на економскиот раст

Генерали Инвестментс: Годинава очекуваме релативно успешна контрола на пандемијата и враќање на економскиот раст

Како по традиција, Генерали Инвестментс АД Скопје на почетокот од годината објавуваат инвестициска стратегија за тековната година, во која детално се осврнуваат на нивните согледувања за глобалните теми поврзани со економијата, пазарите на акции и обврзници, очекувањата за периодот кој претстои, како и препораките за одделните инвестициски класи.

„За 2021 година тимот на Генерали Инвестментс очекува продолжување на водењето на олабавените монетарни и фискални политики. Во очите на учесниците на пазарот на труд, централните банки за пазари на трудот ја претставуваат така наречената опција за централно банкарство, што се покажа добро во екот на нестабилноста во февруари. При спроведувањето на фискалните политики меѓу клучните акции се инвестиции во инфраструктурата, а сѐ повеќе ЕСГ станува поважна тема.

Според основното сценарио, очекуваме релативно успешна контрола на пандемијата и следствено на тоа, оваа година враќање на економскиот раст. И покрај моменталната екстремна ликвидност на пазарот, се очекува дека олабавените монетарни политики ќе продолжат и оваа година. Во такво опкружување, меѓу инвестициските класи, гледаме поголем потенцијал за инвестиции во сопственички капитал, за кои имаме позитивна препорака, додека имаме неутрална препорака за инвестиции во обврзници и негативна за пари“, се вели во Стратегијата на Генерали Инвестментс.

Сите оние, кои се интересираат за пазарот на капитал, деталните анализи можат да ги пронајдат во специјално подготвеното издание на 50 страници.

Слично

Поврзани вести