Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕНСИС ЈА ПРЕТСТАВИ ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЗЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ВО КЛИМАТИЗАЦИЈАТА

ИНВЕНСИС ЈА ПРЕТСТАВИ ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЗЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ВО КЛИМАТИЗАЦИЈАТА

Следејки ги современите трендови за енергетска ефикасност и „зелени решенија“, ИНВЕНСИС Дооел се движи во чекор со најновите технички достигнувања во областа на климатизацијата, греење и ладење и нуди енергетски оптимални и функционални решенија за професионални изведувачи и објекти за домување.

Во таа насока во соработка со Samsung Air Condition на 28.05 во ресторан Аликас организира настан на кој беа претставени производи и решенија на брендот Samsung како одговор на предизвиците на еколошката и енергетската транзиција.

Беше претставена понудата на WindFree™ технологијата која означува уникатен стандарт за клима уред кој обезбедува врвен комфор- лади, а не дува. Ја постигнува максималната енергетска ефикасност на пазарот со истовремено оптимална цена.

Употребата на R290 (Propan) е растечки тренд во ЕУ замаксимален SWP за енергетски и еколошки решенија поврзани со резиденцијалните објекти, така што на настанот учесниците беа запознаени со новата топлинска пумпа на Samsung EHS Mono 290. Моделот е со интегрирана пумпа што  бара помалку простор и со што се намалува времето за инсталација, популарно наречено plug & play решение во изведбените кругови.

Посебен акцент бреше ставен на концептот на „паметните куќи“ (smart home concept) со кој се овозможува управување и автоматизација со што се подобрува удобноста, сигурноста и многу значајно се постигнува енергетски менаџмент на објектот.

Учесниците имаа можност да ги дознаат начините, односно кредитните линии за финансирање и субвенционирање на проектите (резиденцијалните и комерцијалните) преку излагање на програмите од страна на гостите консултанти од GEFF и GFF Македонија.

ИНВЕНСИС како фирма дава подршка на клиентите при реализација на проектите преку технички решенија, монтажа/инсталација, сервис и одржување.


Слично

Поврзани вести