Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју со Индира Кастратовиќ:Со „кометалки“ се дружиме на детските родендени

Интервју со Индира Кастратовиќ:Со „кометалки“ се дружиме на детските родендени

Една од најдобрите македонски ракометарки, дел од златната шампионска генерација на РК „Кометал- Ѓорче Петров, која во на 19 мај во 2002 година ја освои титулата во европската “Лига на шампиони” со победа над унгарскииот „Херц“  во Скопје. Индира Кастратовиќ е вљубена во ракометот од својата 15 година, кога во родиниот Приједор, Босна и Херцеговина го забележале нејзиниот голем талент.  Во Скопје е од 1994 година, од кога заедно со успесите на „Кометал“, Индира оствари и европски успеси. Денес е посветена мајка на тинејџерката Сара која се школува во САД, а за своја најголема подршка со смета сопругот Зоран Кастратовиќ, ракометен тренер. Кариерата како играч ја заврши во 2006 година, а денес е координатор на помладите тимови во ЖРК Вардар. 

Женски магазин- Како е да се работи со млади девојки, тинејџерки? Пресуден ли е психолошкиот момент на таа специфична возраст?

Индира- И претходно, кога го имавме нашето приватно училиште „Кастратовиќ“, јас знаев како е да се работи со млади девојки. Да, со нив пред се треба да бидеш добар психолог, педагог. Треба да ги знаеш добро нивните желби и потреби. Важно е да се поставиш како авторитет, но важно е и да се ставиш во позиција на нивните години и потреби и да ги разбереш. Кога децата ќе те научат и ќе те заскаат, ќе се воспостави она најважното, тренерот од децата да има повратна информација. Не само ние тренерите да им велиме: ова вака треба или ова онака треба, туку и самите играчи да знаат што е најважно да се постогне во играта. Тоа е она што најмногу го сакам, да имаме од двете страни комуникација. 

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести