ИНТЕРВЈУ СО ЏИПСИ КИНГС ПРЕД КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ: Силата на музиката е иста како во „Војна на ѕвездите“
Да, имаме повеќе женска публика. Не знам зошто, можеби зашто сме по малку секси, хахаха. Во секој случај младите луѓе: Микаел, Мигел се секси
Формирани се како шесточлен состав, во 1976 година, кога музичарите од две француски ромски семејства се здружија. Николас и Андре Рејес, синови на Хозе Рејес, познатиот пејач на фламенко Манитас де Плата, чие вистинско име е Рикардо Баилардо. Музиката на светски популарните „Џипси Кингс“ потоа се пренесувала од колено на колено. Рикардо Баилардо влијаел прво на своите синови Тонино, Жак, Пако и Морис кои се оригиналните членови на групата. Пред шест години постојан член станува и Микаел, синот на Тонино и внук на Рикардо, кој сега е уметнички директор на „Џипси Кингс“. Страста на фламенко ритамот, и хитовите како „Bamboleo“, „Djobi Djoba“, „Bem, Bem Maria“ Микаел и чичко му Пако во петок ќе ни ја донесат на концерт во Скопје, во ВИП Арената од 20 часот. Концертот го организира „Авалон“ продукција како дел од проектот „All You Nead is Love“. За љубовта кон својата музика, за Женски Магазин зборуваа Пако и Микаел.
