ИНТЕРВЈУ СО БАЛЕРИНАТА КАТЕРИНА СТЕВКОВСКА: Павле е мојата сродна душа
Кога ќе се спојат две уметнички души, енергија, страст, талент и желба се добива совршената уметност. Кога под отворено небо, во атмосфера на шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни ќе слушнете како човекот кој ви значи премногу ви се заблагодарува и јавно ви искажува љубов–тогаш едноставно знаете дека љубовта нема граница, раскажа Катерина за својот партнер.
Уште како дете на седум годишна возраст не престанала да танцува околу куќата и во дворот, а кога на 9 години се запишала во балетско училиште, веќе знаела дека балетот ќе биде нејзината идна професија. Со завршена балетска академија на ФМУ, Катерина Стевковска е балетски професор и репетитор, со 25 годишно искуство како професионална балерина во МОБ и сопственик на балетското студио „Реверанс“. Предава по руската методика Ваганова, која е најпрестижен метод во светот. Приватно, таа е мајка на две деца. Нејзина сродна душа е нејзиниот партнер, оперскиот баритон Павле Камилоски.
За Женски Магазин Катерина ја раскажа својата балетска, мајчинска и љубовна приказна која може да ја прочитате на овој линк
