Интервју Питер Татар: Успешна бизнис зделка зависи и од добро зготвена храна!
Со богато CV, образование и професионално искуство зад себе, унгарецот Питер Татар кој е Шеф на кујната во Дистрикт бар и ресторан за Фактор открива колку добро подготвената храна е важна за успешна бизнис зделка.

Со него разговаравме за македонската храна, мајсторлукот во кујната, а Питер ни откри дека во својата кариера ја имал можноста да готви за светски познати ѕвезди како што е Силвестер Сталоне.
Фактор: Што мислите за македонската храна? Дали ви се допаѓа?
Питер: Македонската храна пред се ми се допаѓа поради различниот тип на свежите состојки кои може да се најдат на овој пазар и со кои може да се експериментира во кујната.
Фактор: Колку добро приготвена храна може да биде пресудна за успешна бизнис зделка?
Да секако храната е важна. Пред се зависи од природата на вашата бизнис зделка. Доколку сакате да склучите договор, тогаш ви треба нешто навистина стилско (фенси), луѓето сакаат да се покажат (пофалат), но доколку имате обична средба, тогаш се препорачува едноставна и брза храна, закуска.
Фактор: Кој е најдобриот дел од вашата работа, дали се придржувате до некои правила, и од каде доаѓа вашата инспирација во кујната?
Питер: Мојата инспирација доаѓа од моите родители најпрво, а потоа кога ја започнував мојата кариера бев инспириран од повеќе професионални готвачи. За подготовка на храната, секако мора да се следат одредени стандарди, бидејќи за мене е многу важно дека ако клиентот нарача јадење на скара, истото мора да биде подготвено на скара, и температурите на готвење мора да се подесат соодветно – на пример ако ми побарате средно печен бифтек, мора да биде средно печен. Навистина многу вложувам во мојот тим, и моите очекувања од нив се дека мора да се осигураат дека ги следат барањата на гостите.
Фактор: Колку е тешко да се влезе во тимот на добра кујна?
Питер: Потребно е многу. Треба многу време, посебно кога се работи во голем тим, секој човек е различен, со различно ниво на знаење. Потребно е многу страст, време, и трпение за да се тренира тимот.
Фактор: Скопје Мериот Хотел во чии рамки е Дистрикт барот и ресторан ја доби наградата за Најдобар бизнис хотел во 2016. Како ја заслуживте?Питер: Како ја заслуживме? Мислам дека имаме одличен хотел, многу добар тим на вработени, навистина добра храна и ги користиме најдобрите состојки.
Фактор: Што мислите за Македонците. Дали може да се каже дека се луѓе кои знаат како да уживаат во добра храна?Питер: Јас многу патувам и сум бил во многу различни земји. Во тие земји каде што има многу квалитетни ресторани, луѓето почнуваат да се едуцираат и да разбираат повеќе за различни типови храна. Овде мислам дека е доста традиционално, и луѓето сакаат да видат големи порции, што добиваат во својата чинија, и тоа мислам дека е добро. Ние правиме големи напори за да ги разбереме гостите точно што сакаат. Но, не е се во големите порции, туку и во квалитетот.
Фактор: Дали некогаш Питер ја имал честа да готви за некоја позната светска личност?
Питер: Да за Ајс
Купер. За Силвестер Сталоне, за неговиот приватен авион. За Вупи Голдберг, и за
други ѕвезди.
Фактор: Што ќе им порачате на нашите читатели?
Питер: Не се плашете да дојдете овде, нашиот ресторан е casual. Уживајте во тоа што ќе ви биде послужено, бидејќи ние храната ја подготвуваме со љубов и страст. Секако, секој е добредојден да ни даде критики, сметам дека мислењето на гостите е важно, рационалната критика, бидејќи тоа е начин за ние да се подобриме, и да се осигураме дека луѓето што доаѓаат тука навистина ќе уживаат во нивниот оброк.
Разговараше Ирена Ставрова
