Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ НАТАША МИХАЈЛОСКА: Позитивните мисли ги пренесувам на стакло

ИНТЕРВЈУ НАТАША МИХАЈЛОСКА: Позитивните мисли ги пренесувам на стакло

Првите бои ми ги купи сопругот Борис додека беше на работа во Словенија. Така почна сè. Читав списанија, сама на интернет ја откривав техниката на изработка, експериментирав, испробував и правев слики, открива таа

Наташа Михајлоска неодамна ја имаше првата самостојна изложба „Стаклото како медиум за нови видици“. Со техниката боење на стакло „другарува“ две децении, но дури сега се одлучи делата што веќе се во продажба да ги претстави пред поширок аудиториум.

- Чекав подолг период бидејќи ми требаше време да соберам одреден број на слики. Делата ќе поседеа во мојот дом и потоа ги подарував на блиски пријатели и на роднини. Тој момент на подарување ме правеше среќна, а истовремено и тажна. Кога подарував и кога ќе ги погледнев луѓето каква среќа,задоволство и изненадување блика од нив, јас бев уште повесела и пресреќна и тагата исчезна.

Задоволството на мојата душа да пренесеш дел од среќата во себе е необјаснива – објаснува таа.

Слично

Поврзани вести