Интервју Марина Нацка: Имаме визија за вашиот успех
Да се изгради кариера во денешно време е доста голем предизвик кој залага доста труд, посветено време како и правилна едукација на полето за кариера. Обуките се постојани и воедно и задолжителни со оглед на тоа дека живееме во време каде времето е скапоцено и секогаш во недостиг, па така во центри за креативни курсеви како што се Кариера Плус во Македонија ја нудат својата програма која ќе им помогне на идните претприемачи во развивањето на нивната бизнис идеја.
Со локација во срцето на Скопје, Кариера Плус е Центар за креативни курсеви каде сите заинтересирани во областа на модата и убавината можат да го надоградат своето знаење токму овде. Тим кој го сочинуваат вистински професионалци, кои се максимално посветени и кои ја вложуваат сета своја енергија и пасија кон своите студенти во Кариера Плус, со цел до заеднички успешни професионални приказни. Уреден по светски стандарди, место кое шири голема мотивациона енергија, во комбинација со професионален тим, се доволни причини да го посетите Центарот Кариера Плус и да ги започнете своите консултации за вашата бизнис идеја во областа на модата и убавината.
