Интервју Кирил Станкоски: Оваа година може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун
Партнерството со Филип Морис е многу значајно за Комбинатот од повеќе аспекти. Со самото тоа што станува збор за партнерство со кое е формирана нова компанија, односно засебен ентитет со цел да ги поттикне позитивните страни на двете компании и тие да ги претвори во нова можност, вели Кирил Станкоски генерален директор на ТК Прилеп за Фактор.
Фактор: Долги години ТК Прилеп беше на листата на најголемите загубари во земјава и се соочуваше со сериозни финансиски проблеми. Каква е сегашната финансиска состојба на Комбинатот?

Фактор: Во 2014 година склучивте договор за стратешко партнерство со Филип МорисИнтернешанел и формиравте заедничка компанија „Филип Морис ТК Прилеп“. Какви се резултатите од ова партнерство со компанија која е лидер во тутунска индустрија на светско ниво?
Станкоски: Партнерството со Филип Морис е многу значајно за Комбинатот од повеќе аспекти. Со самото тоа што станува збор за партнерство со кое е формирана нова компанија, односно засебен ентитет со цел да ги поттикне позитивните страни на двете компании и тие да ги претвори во нова можност. Благодарение на ова стратешко партнерство состојба во комбинатот значително се менува од онаа пред стартување на договорот, и оваа, во последниве години откако Филип Морис е нашиот партнер. Компанијата почна да работи со зголеменa продуктивност и оперативност, а во соработка со Филип Морис во наредниот период се очекува значително зголемување и на искористеноста на капацитетите во цигарната фабрика. Во идниот период се очекува ТКП континуирано да ги подобрува и финансиските извештаи. Сето ова почна да се случува од моментот на стартување на стратешкото партнерство. Факт е дека оттогаш започна нагорниот развој на ТКП, но сепак, наследената состојба беше до толку лоша што треба уште многу работа и време. Несомнено дека работите почнаа да се движат во позитивна насока, модернизација на производството, зголемување на производниот асортиман и на квалитетот на работа, примена на современи знаења во индустријата. Со еден збор ТКП беше загубар но се уште ја имаше моќта да се трансформира и да ги започне првите чекори кон постигнување на долгорочна одржливост. Сето тоа помогна да се помрднеме од лошата состојба, но можеби најмногу помогна тоа што со партнерството се отворија многу нови можности и се започна процес на трансформација од која ќе следат многу новини и поволности за ТКП.
Фактор: Соработката со Филип Морис доведе до почеток на осовременување на производството. Дали имате нови планови за модернизација, односно воведување во функција на нови машини, технологии и зголемување на капацитетите?

Фактор: Колку тутун откупивте од ланската реколта и дали се соочивте со проблеми во исплатата на откупените количини?
Станкоски: Изминатата година ТКП навреме го започна откупот на тутунот, а кооперантите беа задоволни од откупната цена. Реколтата беше со подобар квалитет во однос на претходната, 2015, кога поради обилните врнежи и неповолните временски услови, имаше неквалитетна берба. Од наша страна се испочитуваа договорите и исплатата течеше непречено, за што ТКП ги имаше обезбедено потребните услови и средствата беа навреме обезбедени. Заради големата конкуренција, понудата наспроти побарувачката исплатата ја вршевме во рок од 7 дена, иако во договорите беше предвиден рок од 30 дена.
Фактор: Колкаво количество планирате да откупите за идната година?

Фактор: Во моментов во подготовка е новиот закон за тутун. Дали имате став во однос на овие законските регулативи?
Станкоски: Новиот Закон за тутун, во значителна мера ќе ги намали бирократските обврски на тутунопроизводителите, а значително ќе ги зголеми истите кај откупувачите. Мојот, како и ставот на Тутунскиот комбинат Прилеп, е дека ваквите промени се позитивни за тутунопроизводителите. Имено, планираните измени во Законот за тутун, опфаќаат ставање крај на евидентните листови (познат кај тутунопроизводителите како бел картон), како и ставање крај на чекањата пред подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сите бирократски формалности ќе бидат преземени од тутунските компании кои ќе бидат должни евиденцијата на катастарските парцели на кои се произведува тутун, како и Договорите за откуп на тутун да ги поднесуваат електронски до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
