Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Јованова Стоилкова: Врвни швајцарски обуки за подобрување на вештините на туристичките работници

ИНТЕРВЈУ Јованова Стоилкова: Врвни швајцарски обуки за подобрување на вештините на туристичките работници
Со швајцарски искуства ќе се подобрува туристичкиот сектор во земјава. Во оваа насока повеќе прочитајте во интервјуто со Емилија Јованова Стоилкова од Програмата за зголемување на пазарната вработливост каде работи како специјалист за развој на вештини. ФАКТОР: Во тек е огласот за пријавување на кандидати кои ќе станат сертифицирани SHL мастер тренери. Кои се главните цели на повикот кој го организирате?

emilija-jovanova-2Јованова Стоилкова: Повикот за сертифицирани SHL мастер обучувачи го организираме заедно со швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн со поддршка и кофинансирање и од Министерството за економија. Обуката е  наменета за искусни професионалци во областа туризам и угостителство кои по нејзиното завршување ќе добијат меѓународно признат сертификат кој ќе им овозможи да организираат обуки за хотелскиот и угостителскиот персонал со кој ќе се воведе швајцарски стандард за работа во туризмот во Македонија и на тој начин ќе се подготват и поттикнат самите туристички објекти да се здобијат со знакот за квалитет на услуги. Познат факт е дека Швајцарија е секогаш во врвот во имплементираните туристичките стандарди, додека академијата во Луцерн е една од најпрестижните институции во Швајцарија за спроведување на ваков тип на обуки. Ние носиме искуства од најдобрите можни обучувачи и ги пренесуваме на лица кои ќе продолжат да ја спроведуваат таа едукација во Македонија и регионот.

ФАКТОР: Што претставува Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн (SHL)?Што треба да очекуваат кандидатите кои ќе се пријават на повикот?

Јованова Стоилкова: Швајцарската академија за хотелски менаџмент е врвна, меѓународно призната институција која спроведува обуки за хотелски менаџмент  и гастрономија кои се засноваат на пракса и практични искуства. SHL претставува најпрестижна институција од таков тип во Швајцарија чиишто обуки се наменети за идни лидери во областа туризам и угостителство. Заедно со нив сме во потрага по врвни професионалци од Македонија кои по обуката која ќе ја поминат, ќе ја претставуваат академијата во Македонија.Тие ќе добијат сертификат кој ќе им овозможи да работат со хотели и ресторани, со нивниот менаџмент и персонал за воспоставување на швајцарските стандарди во нивното работење. Самите хотели кои ќе ги искористат услугите од овие мастер обучувачи имаат  можност да се здобијат со сертификатот Swiss Hospitality кој претставува доказ дека услугите кои хотелот ги нуди е на ниво на швајцарските стандарди. Со тоа самиот хотел е поконкурентен на меѓународниот пазар и ќе има можност за подобра заработка.

ФАКТОР: На кој начин ќе се развијат вештините и какви искуства ќе им пренесете на кандидатите кои ќе се јават на повикот?

Јованова Стоилкова: Пред да го објавиме повикот направивме анализа на состојбите во туризмот и елементите во кои е потребна дополнителна поддршка. Претставници на SHL ја посетија Македонија и самите ја скенираа ситуацијата преку средби со соодветните институции и приватниот сектор. Врз основа на тие увидувања и анализи SHL изготвија програми за обука на мастер обучувачи кои се однесуваат на финансиски и хотелски менаџмент, техники за подобра продажба за менаџери и комуникација и квалитет на услуги фокусирани на клиентот. Мора да напоменам дека овие три програми ќе се изучуваат во текот на месеците октомври и ноември преку интензивна обука со врвни обучувачи од SHL.Во 2017 ќе бидат понудени дополнителни обуки согласно потребите на пазарот на труд.Програмата за зголемување на пазарната вработливост ќе организира и дополнителна промоција на услугите кои овие мастер обучувачиќе им ги понудат на хотелите и ќе помогне во воспоставувањето на таа врска помеѓу мастер обучувачитеи хотелите.

ФАКТОР: Во рамките на Програмата за зголемување на пазарната вработливост вие сте задолжени за спроведување на активности за зајакнување и развивање на работните вештини. Ќе помогне ли оваа обука за стандардизирање на процедурите за работа на туристичките работници?

Јованова Стоилкова: Развојот на вештините на вработените е од огромно значење за секторот туризам. Според нашите истражувања и анализи, постои можност за дополнително подобрување на вештините на туристичките работници кои ќе придонесат за дополнителен развој на секторот. Воведувањето на стандардите на Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн во голема мера ќе овозможат да се стандардизира работата во туризмот преку воведување на швајцарските практики и искуства во практичната работа на туристичките работници. Нашата програма е дел од активностите на швајцарската агенција за развој и соработка, а е имплементирана од швајцарската организација Свисконтакт и локалната организација Преда Плус. Ние користиме врвна швајцарска експертиза при спроведување на сите активности на програмата и сметам дека тоа е одлична можност да учиме од врвни професионалци и институции со меѓународно реноме .

Слично

Поврзани вести