ИНТЕРВЈУ ИГОР ЏАМБАЗОВ: Политиката е за луѓе кои не се разбираат како луѓе
Сите најдраги стихови од неговите блуз приказни, стиховите од поп-хитовите кои ги напишал за пријателите и некои сосема непознати на јавноста ќе ги читаме во новата книга „Улица диши длабоко“, седма по ред на Игор Џамбазов. Маестралниот актер, шоумен, писател и музичар новата книга во издание на книжарницата „Три“ ќе ја промовира утре (среда) во 19 часот во мезе барот „Вип база“ во Скопје.
Женски Mагазин- Како успеа да останеш настрана од политичките случувања и ниту еднаш сите овие години партиски не се обои? Имаше ли притисоци да станеш дел од „нивните“ или од „нашите“, како се бранеше од нив?
Џамбазов-Со едно големо и одлучно „Не“. Во последните петнаесетина години имав такви понуди од политички партии, кои ако ги прифатев немаше да морам да работам ништо со години. Тоа се суми од кои на обичните граѓани ќе им се заврти во главите. Но, останав доследен на мојата конечна одлука. Поважен ми е мирот, отколку полното ќесе. Мирно спијам, тоа ми е најважно. И денес тврдам дека уметниците се борат против неправдите во општеството само со едно оружје – уметноста. Оној што ги прочитал моите книги, што ги гледал моите претстави и концерти знае добро за што зборувам. И уште нешто: политиката е за луѓе кои не се разбираат како луѓе.
Тој раскажува и за неговиот љубен живот, а повеќе читајте на Женски магазин, тука.
