Интервју Фрајле: Тоше заслужува неговите песни да живеат
Четири прекрасни девојки од Приштина, Сомбор и Нови Сад се споија и го создадоа брендот Фрајле. Бренд кој музиката ја донесе на едно поинакво, различно и за нив препознатливо ниво. Со својата музика, ја шират својата позитивна енергија како убав вирус каде и да одат.
Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ, како и сестрите Јелена и Невена Буча се фасцинантен музички спој кој ужива во настапите, пријателството, заедничките настани и патувања. Автентични и различни, својот сценски настап секогаш го спојуваат со барски столици и акустична гитара.
Тие споделуваат како се мотивираат, како функционираат, кога се споија, но и како ја освојуваат публиката.
Женски Магазин Дали изборот на „Во коси да ти спијам“, беше смислен за да ја освоите публиката во Македонија?
Фрајле Песната ја знаеме од кога се појави. Многу ни е жал што не го запознавме Тоше, беше извонреден уметник. Наш избор беше таа песна. Сите четири многу го сакаме Тоше, па затоа и сакавме да имаме нешто од него во нашиот репертоар. Тие песни заслужуваат да живеат.
Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.