Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ЕМРЕ КОЗЛУ: Програмата “МОЈА ИДЕЈА,МОЈ БИЗНИС” цели кон поддржување на претприемачкиот дух во Македонија и генерирање на свежи бизнис идеи

ИНТЕРВЈУ ЕМРЕ КОЗЛУ: Програмата “МОЈА ИДЕЈА,МОЈ БИЗНИС” цели кон поддржување на претприемачкиот дух во Македонија и генерирање на свежи бизнис идеи

Програмата “Моја Идеја, Мој Бизнис”, што се спроведува од страна наCEED Македонија е целосно поддржана од Филип Морис ТКП, компанија формирана какостратешко партнерствомеѓу Philip Morris International и Тутунски Комбинат Прилеп. Истата се фокусира на креирање на работни места и развој на претприемништвото меѓу младите луѓе од Пелагонискиот регион. Имплементацијата на оваа Програма ќе се одвива од септември 2015 до февруари 2016 година и ќе ги награди најдобрите апликанти со неповратна еднократна финансиска помош за нивните бизнис идеи и дополнително образование.

Филип Морис ТКП, заедно со CEED Македонија неодамна започнаа со имплементација на еден многу интересен проект, насловен “Моја Идеја,Мој Бизнис”. Програмата е ориентирана кон развој на претприемничкиот дух и вештини на младите луѓе од Пелагонискиот регион. Зошто оваа програма се фокусира само на младите лица од овој регион?

Moja ideja Moj Biznis

Емре Козлу:Пелагонија е многу важен регион за Филип Морис ТКП. Ние, во Филип Морис, веруваме во важноста на поддржувањето на заедниците каде работиме. Имајќи го предвид нашето стратешко партнерство со Тутунски Комбинат Прилеп, како и фактот дека Пелагонија традиционално претставува регион за одгледување на тутун, ние сме целосно посветени кон поддржување на развојот на овој регион, поради што решивме да го започнеме овој проект прво во Пелагонија.

Преку поддршка на програми кои го зголемуваат претприемничкиот дух и личниот развој и ги поттикнуваатбизнис идеите на младите лица, се надеваме дека ќе креираме нови можности за работа и ќе го поддржиме економскиот и општествениотразвој на Пелагонија.

Колкав е досегашниот интерес од потенцијалните учесници? Што може тие да очекуваат од оваа Програма?

Емре Козлу:Ќе бидам искрен со Вас, кога прв пат започнавме со развој на “Моја Идеја,Мој Бизнис” со нашиот партнер воимплементацијата, CEED Македонија, ова беше најголемиот предизвик за нас – дали прецизно го проценивме претприемничкиот потенцијал на регионот. Но сега, по неколку недели од почетокот на имплементацијата, позитивно сме изненадени од големиот интерес за овој проект. Ова е навистина ветувачки знак, бидејќи ние, во Филип Морис веруваме дека претприемништвото е еден од клучните фактори за успех, како и основен предуслов за економски развој.

Во поглед на очекуваните резултати, “Моја Идеја,Мој Бизнис” цели кон поддржување на претприемничкиот дух и генерирање на свежи бизнис идеи, со цел да се зголеми вработеноста на младите лица во Пелагонискиот регион. Учесниците во Програмата ќе имаат можност да го развијат своето знаење и претприемнички вештини, да научат како да постигнат раст во нивните постоечки или идни бизнис потфати, како и да добијат пристап до финансиски ресурси преку работење на реални и конкретни бизнис идеи. Најдобрите апликанти ќе бидат наградени со неповратна, еднократна финансиска помош за нивните бизнис идеи. Поради тоа, ја користам уште еднаш оваа прилика да ги охрабрам оние, кои можеби сеуште имаат одредени сомнежи, да бидат храбри и самоуверени, да аплицираат со нивните идеи и проекти и да бидат дел од оваа интересна Програма.

Кои се Вашите очекувања, колку апликанти очекувате во Програмата? Кои се механизмите планирани за спроведување на Програмата во целина, како и другите бенефити за избраните кандидати?

Емре Козлу:Веруваме дека постои голем претприемнички потенцијал во Македонија, како и желба кај младите луѓе да ги развијат своите вештини, со цел да креираат подобра иднина, така што очекуваме задоволителен број на апликации. Поради тоа, ги охрабруваме сите млади индивидуалци кои ги исполнуваат основните критериуми да и пристапат на Програмата и да аплицираат. Исто така, би сакал да напоменам дека сме благодарни на претставниците на релевантните институции и организации, владини и невладини, како и на медиумите, за нивната помош во промоцијата на претприемачкиот дух и можностите кои ги нуди оваа Програма.

Од пристигнатите апликации, базирано на предодредени критериуми, ќе се направи селекција на 40 кандидати, кои ќе бидат поделени во две тренинг групи. Тренинзите ќе бидат спроведени од страна на CEED Македонија и други ангажирани професионалци преку пет еднодневни модули. Дополнително, на заинтересираните кандидати/студенти ќе им биде понудена можност за кариерно насочување и организирање на презентации на нивните бизнис идеи пред “Клубот на бизнис ангели”. На крајот на целиот процес, 6, 12 и 18 месеци откако ќе заврши Програмата, CEED ќе спроведе индивидуални состаноци со корисниците на Програмата, со цел да го следат процесот и да добијат увид во напредокот и насоката на развој на поддржаните бизниси.

Кои се критериумите и кој ќе биде награден со грантови? Генерално кажано, оваа Програма ќе им овозможи на учесниците да се соочат со реалноста – што се случува кога претприемничката идеја или развиениот проект ќе се соочат со реалноста на пазарот? Што ќе научат тие како животно искуство?

Emre Kozlu - hi res

Емре Козлу:Квалитетот и одржливоста на една идеја, потенцијалот за развој преку Пргорамата и можната практична имплементација на пазарот за кој е наменета идејата, проактивност и посветеност на учесникот и секако, евалуацијата од страна на релевантни ментори, се клучните фактори кои ќе имаат влијание врз изборот на добитниците на грантовите. Најдобрите пет проекти ќе бидат наградени со еднократен, неповратен грант, во вредност од 2.000 долари од грант. Исто така, најдобрите пет студентски проекти ќе бидат наградени со 500 долари поединечно, кои ќе може да се искористат или како првична поддршка за бизнисот кој планираат да го развијат или за финансирање на понатамошните студии.

Генерално, една од најважните работи којамладите луѓе треба да ја научат преку оваа Програма е дека не постои лоша бизнис идеја. Истовремено, дури и најдобрата бизнис идеја може да не биде успешна во пракса доколку личноста не е подготвена да работи напорно и континуирано да се подобрува. Секако, неуспесите се исто така дел од патот кон успехот, но најважно е секогаш да се научи од тие неуспеси и да се претворат во можности за подобрување и одење напред. Колку што учесниците ќе се претстават себеси како трудољубиви и ќе елаборираат како би ги имплементирале своите идеи, толку се поголеми шансите тие да ја добијат нашата поддршка.

Најавата за почетокотна “Моја Идеја,Мој Бизнис“ беше на Економскиот факултет во Прилеп. Дали факултетот има некоја посебна улога во Програмата?

Емре Козлу:Имајќи ја предвид целната групана Програмата, која се студенти или млади невработени лица, логистичката поддршка на Економскиот факултет во Прилеп беше од исклучителна важност, во поглед на информирање и регрутирање на млади луѓе заинтересирани за учество во Програмата. Искрено сум благодарен за оваа поддршка и со нетрпение ја очекуваме и понатамошната соработка со факултетот.

Во рамки на својата општествена одговорност, дали Филип Морис ТКП спроведува и другислични проекти  во Македонија?

Емре Козлу:Филип Морис е силно посветена на развојот на претприемничкиот дух. Ова е во согласност со нашата глобална стратегија, која го идентификува претприемништвото како една од нашите области на фокусирање. Веруваме дека претприемничкиот дух, иницијативата и проактивниот пристап се клучни фактори за успех во справувањето со секој проблем и секоја ситуација, без разлика дали раководите мал бизнис, работите за голема мултинационална компанија, или пак сте сеуште студент кој размислува за својата иднина.

Поради тоа, ние сме посветени кон започнување на различни иницијативи, кои придонесуваат кон оваа заедничка цел – зголемување и поттикнување на младите луѓе да бидат што повеќе проактивни и претприемнички настроени. Како пример, ја започнавме нашата програма за практикантство веќе во првата година од нашето работење во Македонија во рамките на стратешкото партнерство. Преку можностите за практикантство кои им ги нудиме на студентите, Филип Морис ТКП го помага и поддржува развојот на млади таленти во Македонија. Во моментов, имаме четири практиканти, во организација од вкупно 35 вработени. Тие работат на реални проекти и имаат реални обврски на различни функции, што им помага да стекнат значајно практично знаење и им нудат реално работно искуство во меѓународна средина. Дополнително, како член на Американската Стопанска Комора (AmCham), Филип Морис придонесува кон развојот на новата програма за практиканти на AmCham, “Open a Door” (“Отворете врата”), за студенти од социјално ранливи категории, која официјално беше започната годинава.

Според вас, како изгледа млада успешна личност во Македонија?

Емре Козлу: Не верувам дека има голема разлика меѓу млада успешна личност во било кое друго место и Македонија – вистинските лидери и успешни лица имаат заеднички карактеристики, кои не се одредени од локацијата каде тие работат, туку преку тоа како тие ги развиваат и имплементираат нивните идеи и одлуки, коишто го движат бизнисот напред. Напорната работа, решителноста, но истовремено и отвореноста кон сугестии и фидбек, креативни и иновативни идеи и уште поиновативни начини за нивна имплементација, слушање на потребите и барањата на пазарот се карактеристики кои ги поседуваат сите млади успешни луѓе, без разлика дали тие се наоѓаат во САД, Кина, Шведска, или во Македонија.

Слично

Поврзани вести