ИНТЕРВЈУ- РИСИМА РИСИМКИН: Судбината на танцовите уметници е да се борат за опстанок
Ако јас успеав, кога почнав во момент, во кој во Македонија од современ танц, не постоеше ни, што би рекле „с“, ако дадов отказ од државна работа и продолжив понатаму, кога сите ми велеа дека правам многу ризичен чекор. Ако сум сега тука, кај што сум, само поради мојата верба, упорност и истрајност, и младите танчари можат
Рисима Рисимкин, поранешна балерина со многу значајни улоги зад себе, сега кореограф. Оваа дама целиот свој живот го посвети на танцовата уметност.
Рисима е уметничка директорка е на „Танц фест Скопје“, и ја води студиската програма за современ танц - „Скопје танцова академија“, како дел од Универзитетот ЕСРА во соработка со „Ротердам танцовата академија“ од Холандија. Од годинава работи и како вонреден професор на државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Таа е основач е на Културниот центар „Интерарт“, а македонската танцова уметност ја промовира секаде низ светот.
Рисима за Женски магазин раскажа дел од нејзината плодна работа и живот.
Слично
