Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интернет: Македонските граѓани најчесто читаат дневни вести

Интернет: Македонските граѓани најчесто читаат дневни вести

Македонските и српските граѓани, споредено со четирите држави  од Јадранскиот регион,  интернетот најмногу го  користат за следење дневни вести, потоа за прегледување на социјалните мрежи и за употреба на електронските пошти.

Ова се посочува во резултатите од истражувањето за употребата на интернетот, кое лани го спроведе Институтот за истражување на пазарот и медиумите Медиана.

Според анализата, во Хрватска и во Словенија интернетот исто така најмногу се употребува за следење дневни вести, но на второ место е употребата на електронската пошта, а на трето место следење  временска прогноза.

Во сите држави најмногу се следат интернет страниците на дневните весници, по што следат слушањето радио и гледањето телевизија.  Инаку интернет најмногу се користи во Словенија (78 проценти). Хрватска е на второ место со 67 проценти, по што следат Македонија и Србија со  63 проценти.

Слично

Поврзани вести