Интересни факти за чајот
Меѓународниот ден на чајот се одбележува од 2005 година, со одлука на петтиот Светски социјален форум во Порто Алегре, Бразил.
По повод денешниот Меѓународен ден на чајот британскиот весник „Дејли експрес" нуди интересни факти за топлите пијалаци.
Меѓународниот ден на чајот се одбележува од 2005 година со одлука на петтиот Светски социјален форум во Порто Алегре, Бразил, за да се привлече вниманието на јавноста кон проблемите поврзани со производството, трговијата и популаризацијата на пијалокот.
На 15 декември се одбележува и годишнината од усвојувањето во 1773 година на „Светската декларација за правата на работниците во чајната индустрија".
Чаевите потекнуваат од областите во Источна и Јужна Азија и се претпоставува дека неговата татковина се териториите во северниот дел на Бурма и кинеските провинции Јунан и Сичуан.
Во Европа првично имало различни мислења за тоа дали чајот е здрав или штетен пијалок, но преовладуваат приврзаниците на чајот. Најпознат бранител на овој пијалок е холандскиот лекар Корнелиус Бонтекое, кој во 1679 година објави материјал на оваа тема.
1. Чајот, после водата, е напиток кој најчесто се консумира во светот.2. Прв пат го вовел кинескиот цар во 1400-тата година.
3. Во основа постојат шест различни видови на чај: црни, бели, жолти, улун (Oolong) и пујар (Pu-erh).
4. Сите видови на чај потекнуваат од истата билка, но преработката е комплетно различна. Значи, чаевите имаат различни вкусови.
5. Белиот чај е пупка од билката чај. Тој не се преработува и содржи максимална количина на антиоксиданси.
6. Зелениот чај не се бере на зима, за да се избегне оксидацијата. Тој се обработува само на пареа, за да не се уништат ензимите, а потоа се суши на воздух.
7. Жолтиот чај е најдобар за губење на килограми и смалување на нивото на холестеролот. Освен тоа, ефективен е и во борбата против разни болести.
8. Црниот чај е најпознат облик на чај познат по својот јак вкус.
9. Улун е вид на чај кој по својот вкус, е посличен на зелениот отколку на црниот чај. После првобитната горчливост, аромата на бел чај се претвoра во сладок вкус.
10. Пујар е посебна сорта на кинески чај кој е како виното –колку постар, толку подобар. Неговите лековити својства се запрепастувачки. Ова е воедно и еден од најскапите чаеви во светот.
