Интерактивен портал за СТРЕС!
Од пред неколку месеци во Република Македонија успешно функционира интерактивниот интернет портал за самопомош во областа на стресот www.antistres.mk. Единствен од таков вид во земјата и регионот, а исклучително редок и во светот, овој портал, опремен со најсовремени стручни и технички карактеристики, им нуди на корисниците извонредни можности за самопомош на повеќе нивоа: бесплатно самотестирање со девет вкрстени тестови за откривање и квантифицирање на личната склоност кон стрес, индексот на моментниот стрес и евентуалното присуство на последиците од стресот; текстови и информации за препознавање на стресот, важноста и начините на неговата превенција и заштита од последиците; извонредно ефикасна антистрес програма составена од шест аудиовизуелни програми за самопомош кои можат да се користат преку веб пристап, во било кое и време и за извонредно ниска цена; можност за е-советување; форум за членовите на клубот.
Доколку се земе во предвид сериозноста на реалната статистика дека повеќето од 90% болести и пореметувања на психички, физички и општествен план настануваат како последици на неадекватно третирање на стресот и неговото присуство во личноста и организмот, како и фактот дека УН од пред неколку години го прогласија стресот како еден од водечки причинителни за смртност во 21-от век, оваков тип на портал и користењето на неговите капацитети можат да станат извонредно ефикасна и стратешки мошне важна алатка за обезбедување на здравјето, среќата и успехот кај современиот човек. Посетете го порталот и искористете ги неговите можности! Faktor.mk во соработка со Антистрес Клуб до крајот на 2014 секој вторник специјално за своите читатели договори колумни од Спец. Др. Звонко Џокиќ, невропсихијатар - психотерапевт, на тема стресот во работата и бизнисот. Спец. Др. Џокиќ е меѓународно познат експерт за стрес и психотерапија, автор на проектот Антистрес Клуб како и на специјалните антистрес програми кои можат да се најдат на порталот. Во колумните што следат ќе најдете доста корисни информации за тоа како да ги надминете стресот и последиците поврзани од стресот. Тема за следниот вторник: СТРЕС НА РАБОТА