Економија, финансии, бизнис

Контакт

IntelliSTEM – сеопфатно интелигентно решение дизјанирано за ефикасен и профитабилен агробизнисот

IntelliSTEM – сеопфатно интелигентно решение дизјанирано за ефикасен и профитабилен агробизнисот

IoT (Internet of Things, или Интернет на нештата) како концепт на вмрежени уреди со способност да собираат информации и да ги пренесат до други уреди и луѓе на кои би им биле од корист, ја достигнува кулминацијата на својот развој во светски рамки. Се чини дека овој глобален и прогресивен концепт заживува и во нашата земја преку еден иновативен производ кој е плод на соработката помеѓу ГОРД Системи Срвиси и Футура 2/2 Маркетинг и адвертајзинг. Имено, неодамна на македонскиот пазар овие две компании го претставија производот IntelliSTEM, ново, иновативно ИКТ решение кое им помога на проиводителите во агробизнисот значително да го унапредат своето производство на храна и на тој начин да станат поконкурентни на пазарот.


За новиот производ, тимот што го изработи и неговиот европски успех, разговараме со Петар Индовски, директор на ГОРД Системи Сервиси од Скопје.

Фактор: Што всушност претставува IntelliSTEM и каква е неговата цел?

Индовски: IntelliSTEM е сеопфатно паметно решение, поточно збир од повеќе интелигентни алатки, дизајнирана со цел да им помогне на производителите во агробизнисот да го подобрак квалитетот на производите, да бидат поефикасни во својата работа и да остварат поголеми профити. Истовремено, со заштедите на вода, ѓубриво и енергија, решението занчително придонесува и за заштита на животната средина. Една од клучните алтки - IntelliSTEM мерна сонда, ги мери и процесира многубројните параметри од средината во која се одгледува растението, давајќи информации за влажноста и температурата на почвата, притисок, влажноста и температура на воздухот, стадиум на раст на културата, ниво на светлина, податок за последното наводнување, ѓубрење, следни чекори што треба да се превземат, предупредува доколку нешто не е во ред со производствениот процес итн. Со примана на ова решение, трошоците за производство можат да се намалат за 30% - 60%. Користењето на IntelliSTEM алатките е едноставно, лесно се оддржуваат и трошат малку енергија – поточно, работат на батерија која трае 3-5 години. IntelliSTEM уредите ги поддржуваат светските IoT стандарди за меѓусебно поврзување (6LoWPAN,Bluetooth, WiFi, мобилни мрежи).


Фактор: Кои конкретни проблеми во земјоделското производство може да ги реши интелигентната алатка IntelliSTEM?

Индовски: IntelliSTEM може да игра значајна улога во решавањето на низа проблеми со кои се соочуваат земјоделските производители во секојдневаното работење, и тоа најмалку во 3 многу важни области на делување: (1) Снабдување со вода и ѓубриво, (2) Градење сопствена база на знаење која автоматски се пополнува со податоци од IntelliSTEM уредите поставени на терен, (3) Планирање, мониторинг и автоматизација на работните процеси што секојдневно се изведуваат од персоналот на терен. 
(1) Еден од кличните, проблеми секако е прекумерното или недоволно наводнување и употребата на ѓубриво. Именио, алатката IntelliSTEM Иригациски модул во спрега со IntelliSTEM сондата, овозможува многу презизно снабдување со вода и ѓубриво, а врз основа на повеќе параметри, како: дневни потреби на културата од вода и ѓубриво зависно од стадиумот на развој, моментална влажност на почвата на повеќе длабински нивоа – од површината до коренот на билката (вертикален профил на влажност), временска прогноза за дожд итн. Ова автоматски отвора и нови можности за производство без употреба на хемикалии како што се регулаторите за раст, што е особено важно за производство на здравото органска храна. 
(2) Сопствената база со податоци што се полни со реални податоци од терен, станува исклучително важен извор на информации (параметри од околината, време на продор на водата од површината до коренот на билката, кои култури најдобро успеваат зависно од парцела, вид на почва и при кои временски услови, колку е потрошено вода, ѓубриво и други препарати во претходните сезони итн.) кои им помагаат на производителите да носат правилни одлуки во вистинско време, и на тој начин да го подобрат квалитетот на производите и да го зголемат својот профит. (3) Еден од значајните фактори за успешно земјоделското производство е секако и неговото планирање, мониторинг и автоматизација на работните процеси на терен. Овие активнсоти во пракса многу ретко се практикуваат, и тоа воглавном поради недостиг на пазарот од соодветни, но едноставни за користење софтверски алатки. IntelliSTEM алатката за NFC комуникација, заедно со софтверската апликација за планирање и мониторинг на производството, се фокусирани точно на решавање на овие проблеми од секојдневното работење на земјоделските производители.

Фактор: Каков пат помина IntelliSTEM во процесот на својот развој и каква иднина му претстои?

Индовски: Како конзорциум, со IntelliSTEM решението аплициравме за финанасиска поддршка од КАТАНА проектот, всушност бизнис акселератор поддржан од ЕУ фондови наменети за визионерски претприемачи и стартапи кои нудат иновативни решенија во доменот на агро-бизнисот. Во првата фаза на избор, нашето решение беше на 35-то место од вкупно 100 одбрани за финална селекција. IntelliSTEM влезе во 10те најдобри решенија низ процес на онлајн понуда на предлог-решенијата во јавност, односно преку прибирање финансики сретства од онлајн презентација и продажба на истите на KATANA Crowdfunding порталот, сличен на kickstarter.com. Важно е да се потенцира дека конкуренцијата беше жестока – изборот отпочна со преку 650 пристигнати предлог-идеи од вкупно 24 европски земји. Со изборот во првите 10 најдобри решенија, по принцип најмногу освоени финансиски сретства, нашето решение обезбеди фонд за негово дополнителен развивој, маркетинг и ПР активности што се реализираат до крајот на 2018. Во моментов ја кмплетираме првата серија од 50 IntelliSTEM уреди кои ќе бидат подложени на интензивно тестирани во реални услови, од страна на наши поддржувачи и потенцијални партнери од агробизнисот.

Фактор: Каков тим е потребен за реализација на иновативно решение од типот на IntelliSTEM, конкурентно и на поширокиот европски пазар?

Индовски: Во случајот на ГОРД Системи Сервиси и Футура 2/2 Маркетинг и адвертајзинг, успеавме да обединиме тим од искусни менаџери, персонал и консултанти во доменот на ICT, агро-бизнисот, маркетингот и јавните односи. На развојот на IntelliSTEM, освен мене, како клучни членови работеа и Дијана, Валентина и Ана-Марија од ГОРД, и Иван и Наташа од  Футура 2/2 Маркетинг и адвертајзинг. Тимот за развој на софтверот вклучува и искусен и обучен персонал со високи познавања од областа на најновите софтверски трендови и IT технологијата кој има меѓународно искуство и одлични комуникациски вештини. Како заклучок, би можел да кажам дека за успешен проект и производ кој би бил конкурентен во пошироки рамки, потребен е компактен и високо-мотивиран тим составен од искусни и посветени професионалци.

Слично

Поврзани вести