Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интел објавува рекорден приход во третиот квартал од 14,6 милијарди долари

Интел објавува рекорден приход во третиот квартал од 14,6 милијарди долари
Корпорацијата Интел денес објави приход во третиот квартал од 14,6 милијарди долари, тековен приход од 4,5 милијарди долари, нето приход од 3,3 милијарди долари и заработувачка по акција од 0,66 долари. Компанијата заработила приближно 5,7 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 4,2 милијарди долари за повторно да купи 122 милиони акции на берзата. „Задоволни сме со напредокот што го постигнува нашата компанија,“ изјави извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. „Има уште да се работи, но, нашите резултати ни даваат доверба во успешното извршување на нашата стратегија за ширење на нашите производи низ широкиот опсег на возбудливи нови пазари. Клучни финансиски податоци и состојба на деловните единици за третиот квартал
  • PC Client Group оствари приход од 9.2 милијарди долари, зголемување за 6% секвенцијално и зголемување за 9 отсто од година во година.
  • Data Center Group оствари приход од 3,7 милијарди долари, зголемување за 5% секвенцијално и зголемување за 16 отсто од година во година.
  • Internet of Things Group оствари приход од 530 милиони долари, намалување за 2 отсто секвенцијално и зголемување за 14 отсто од година во година.
  • Mobile and Communications Group оствари приход од 1 милион долари, во рамките на очекуваното
  • Software and services operating segments оствари приход од 558 милиони долари, зголемување за 2 отсто секвенцијално и зголемување за 2 отсто од година во година.
Слично

Поврзани вести