Интел ја забрзува транзицијата до „Cloud-Ready“ комуникациски мрежи
Соработките за нови производи и екосистеми ќе и помогнат на индустријата да ги модернизира денешните мрежи и да се постават темелите за 5G
ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИТЕ
- Експанзијата на Intel® Xeon® Processor D-1500 фамилијата на продукти и новите Intel® Ethernet Controllers ги подобруваат перформансите и опсегот, овозможуваат повеќе интелигенција во мрежата за рапидно испорачување на услуги до потрошувачите и бизнисите
- Интел соработува со лидерите од индустријата и објавува дека América Móvil* го одбра Интел за партнер во технологијата за надоградување на мрежата
- Интел работи на мрежниот екосистем за да го забрза развојот и испораката на отворени, индустриски стандардни решенија и објавува соработка се Red Hat* преку Intel® Network Builders Fast Track
- Новите понуди на Intel® Xeon® Processor D-1500 Product Family претставуваат основа за проширување на интелигенцијата од јадрото на мрежата до работ за подобрени перформанси и помалку доцнења. Деветте нови процесори нудат високи перформанси, ниска потрошувачка, како и два пати повеќе меморија од претходните генерации интегриран систем-на-чип, што ги прави погодни за различни мрежи, клауд - складирање и интернет на апликации кои работат во густа, солидна средина. Повеќе од 50 мрежи, клауд, интернетот на нештата, со помош на Intel Xeon Processor D-1500 Product Family можат понатаму да се развиваат.
- Новиот Intel® Ethernet Multi-host Controller FM10000 Family комбинира докажана Ethernet технологија со напредни ресурси за употреба кај комуникациски мрежи со високи перформанси и серверски платформи. Со 200Gbps високо-пропусниот опсег на конекцијата и повеќе од 100GbE, се обезбедува исклучителна можност за обработка и значително ја подобрува ефикасноста во мрежата, на и помеѓу сервери.
- The new Intel® Ethernet Controller X550 family се енергетски ефикасни, ефективни 10 Gigabit Ethernet решенија за поврзување што може да понуди подобрување на перформансите кај центрите за податоци, сервери и мрежни уреди.
- Интел активно работи за Intel® Network Builders екосистемот, програма за повеќе од 180 компании. Во август 2015, Интел го претстави Intel® Network Builders Fast Track за да ја забрза иновацијата во екосистемот со оптимизирање на хардверски и софтверски решенија, поддршка на интеграцијата на технологијата во екосистемот.
- Red Hat е првиот ISV што активно допринесува во сите клучни области од Intel Network Builders Fast Track. Red Hat донесува експертиза во комерцијализација на технологии со отворен код и имаат долга соработка со Интел за испорачување на решенија во телеком индустријата. Преку проширената соработка, двете компании ќе работат заедно за оптимизација на решенија базирани на Red Hat софтвер и Интел технологија.
Слично
