Економија, финансии, бизнис

Контакт

Институциите утврдија дали Македонија го злоупотребила извозот за Русија

Институциите утврдија дали Македонија го злоупотребила извозот за Русија
Надлежните институции ги завршија проверките и утврдија дали македонски фирми вршеле реекспорт на европски производи на рускиот пазар и со тоа го прекршиле руското ембарго кон европските земји. Но резултатите од истрагата не се објавуваат додека најпрвин не ги види Владата и не донесе заклучок. Информацијата ќе биде разгледана на владина седница. Владата им даде два дена на институциите да проверат дали се точни информациите за злоупотреба на извозот на храна во Русија. Во меѓувреме, тече рокот од седум дена до кој руските власти очекуваат одговор од македонска страна за тоа дали европско овошје и зеленчук, пред се јаболка и компири, биле прикажани како македонски и завршиле на рускиот пазар. Доколку сомневањата на Москва се потврдат, Македонија се соочува со забрана за извозот во Русија. Трговската размена меѓу Македонија  и Русија во првата половина од годинава изнесувала 74,4 милиони долари, што е за цели 65 милиони долари помалку споредено со истиот период лани, но во исто време извозот е зголемен за два милиони долари. Македонија е една од ретките земји во Европа за која засега не важи руското ембарго, затоа што земјава не ги спроведе санкциите на ЕУ кон Русија.
Слично

Поврзани вести