Инспиративно писмо кое треба да го прочитаат сите мајки-Има што да научите!
На Интернет последните неколку недели се споделува инспиративно писмо на студентка која објаснува како би ја одгледувала својата ќерка иако не планира да има деца.
„Јас всушност не сакам деца. Никогаш не сум сонувала за своите деца. Но кога би имала дете ...посебно ќерка. Би ја научила да не чека. Никој и ништо. Би и рекла да не чека момче кое ќе ја спасува. Би ја научила дека светот ги уверил жените дека им се потребни мажи да се чуствуваат целосно, и дека тоа е дебела, голема, грозна лага. Би ја научила дека е премногу искрена за да се прави глупава поради некој несигурен дечко.
Не би и дозволила да расте со менталитетот „заспана убавица“ и да очекува некој тип кој ќе ја разбуди и спаси од нејзиниот дворец. Би и рекла дека веќе е будна и дека во неа гори оган кој може да го срамни тој дворец до темел“, со овие зборови студентката Сидни Дејвис од Универзитетот Симпсон во Калифорнија го започнува писмото кое во последните неколку недели се споделува на социјалните мрежи.
Иако авторката нема намера никој да обесхрабри да најде партнер, главната цел на ова писмо е да ги охрабри жените и да ги увери колку е важно да се сакаат себе, да веруваат дека може да постигнат што и да посакаат.
Би ја застанала мојата ќерка пред огледало, како што мојата мајка ми направи мене, и би ја натерала повторно и повторно да ги повторува работите кои ги сака кај себе, иако во тој момент можеби не верувала во нив.
Таа тоа треба да го слушне и јас би се погрижила тоа да биде така. После разговорот, би ја гушнала и би и рекла: Светот е твој. Освои го, јас цело време ќе бидам со тебе-заклучува Дејвис во своето срцепарателно писмо.
