Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекторите затворија две приватни здравствени установи

Инспекторите затворија две приватни здравствени установи
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) провремено затвори две приватни здравствени установи поради повреди на законот и неправилности во работењето.По телефонска пријава од 10-ти мај и извршена контрола, инспекторите ги затворија Дијагностичка лабораторија за цитологија и хистологија „Хистолаб“ и Поликлиника од специјалистичко-консултативна дејност „Промедика Медикал центар“, од Скопје,  на 30 дена. Во едната приватна здравствена установа од медицинската документација било утврдено дека здравствени услуги давал здравствен работник кој не бил вработен во неа, информираше  директорот на ДСЗИ Џевџес Шаќири.
„Имено, при извршениот инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, од медицинската документација беше утврдено дека во „Хистолаб“ здравствени услуги (цитолошка дијагностика, хистопатолошка дијагностика и имунохистохемиска дијагностика) давал професор-доктор вработен на Клиниката за онкологија и радиотерапија, со што приватната здравствена установа вршела дејност спротивно на дозволата за работа, односно од здравствен работник кој не е наведен во дозволата за работа каде што како стручен кадар се наведени сосем други имиња на доктор–специјалист по патолошка анатомија и медицински лаборант техничар“, рече Шаќири.
Во Промедика Медикал центар пак инспекторите затекнале докторка работена на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија која давала здравствени услуги од областа на пластичната и реконструктивна хирургија, иако приватната здравствена установа немала дозвола за работа за таков вид услуги. Согласно правилникот за вршење дополнителна дејност, докторите специјалисти од јавните здравствени установи дополнитeлната работа може да ја вршат само во здравствената установа каде што се вработени или во друга јавна, но не и во приватна здравствена установа.
Слично

Поврзани вести