Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекторите во Струмица, запленети 200 килограми свежа риба

Инспекторите во Струмица, запленети 200 килограми свежа риба

Денеска во Струмица се запленети 200 килограми свежа риба која се продавала во несоодветни услови и спротивно на одредбите од Законот за безбедност на храната. Акцијата на ветеринарните инспектори следи по дојава од граѓанин, а оттаму информираат дека станува збор за риба за која не постои никаков документ и која се продавала во нехигиенски услови несоодветни за промет на храна од животинско потекло.

Рибата е одземена и уништена, а против сторителите ќе бидат изречени соодветни мерки, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Слично

Поврзани вести