Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иновациите во бизнисот се тајната на успехот: Уште само два дена Технома 2015 на Скопски саем

Иновациите во бизнисот се тајната на успехот: Уште само два дена Технома 2015 на Скопски саем

Повеќе од 10 илјади луѓе досега го посетија 41-от Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, нематали, градежништво, обезбедување и заштита, ТЕХНОМА 2015, кој беше отворен на вторникот (13-ти), а се затвора во сабота (17-ти октомври). Четири хали и повеќе од 185 компании, од кои 135 домашни и 50 странски учесници се претставуваат на Скопски саем. Вниманието на јавноста особено го привлече Форумот за иновации и технолошки развој, на кој секојдневно се одржуваат работилници на различни теми интересни за бизнис заедницата, но и за студентите од техничките факултети. Имено, идеја е да се поврзат претпријатијата со научните и високо-образовани институции со цел формирање на партнерства и можност за аплицирање со заеднички проекти до Фондот за Иновации и Технолошки развој.

tehnoma 6

Форумот преку Технома 2015 има за цел да придоне кон промовирање на истражувањата на факултетите пред бизнис заедницата и да овозможи нивна примена кај некое претпријатие со цел подобрена перформанса. Фондот и Скопски саем за прв  пат го организираат Форумот за Иновации и Технологии,  каде освен секојдневните работилници, сите посетители имаат можност за информирање и дискусија со претставници на голем број национални и регионални организации кои обезбедуваат поддршка на претпријатијата, со претставници од високообразовни институции и истражувачи. Дискусиите се тематски поврзани со инструментите за финансиска поддршка на Фондот односно  „Финансирање на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.

tehnoma 7

Освен Форумот за иновации и технологии, вниманието на јавноста го привлекуваат и 16-от Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35-та Меѓународна изложба на иновации, Макинова.

tehnoma 8

Остануваат само уште два дена од Технома 2015, па поради тоа ви препорачуваме да не ја испуштите неверојатната шанса и да го посетите.

Слично

Поврзани вести