Иновативни, ефикасни и одржливи решенија за третман на отпадни води во мали населени места
Минатата недела во посета на државава беа претставници од познатата холандска фирма Bluecon International BV (https://bluecon.nl/) специјализирана во проектирање и изведба на иновативни решенија за третман на отпадни води. Низ серија на состаноци со претставници на повеќе општини и комунални претпријатија, како и домашни компании кои проектираат и изведуваат пречистителни станици, тие ги презентираа предностите на овие холандски системи по однос на стандардните системи кои, за жал, кај нас се користат со недоволен успех.
Следува интервјуто со Берт Јан Пит, Директор на Bluecon International BV, и д-р Александар Климески, партнер на компанијата за Финска и Македонија, двајцата со повеќегодишни искуство во оваа проблематика.
Берт Јан Пит (лево), Директор на Bluecon International BVсо преку 20 години менаџерско искуство и 10 години искуство во областа на отпадните води и д-р Александар Климески (десно) македонски технолог иноватор со долгогодишно искуство од областа на третманот на отпадните води и производството на биогас во скандинавските земји и Холандија
Кои се вашите решенија за третман на отпадни води што ги промовирате кај нас? По што истите се разликуваат од конвенционалните системи?
Во многу случаи, малите пречистителни станици (за населени места до 30,000 жители) засновани на биолошки третман се соочуваат со значајни проблеми. Причината е нестабилноста на биолошките процеси во реакторите, температурните промени, како и ограниченото познавање на управувањето со процесите од страна на одговорните лица.
Технолошките решенија што ние ги иновираме се засновани на чисто физичко-хемиски процеси коишто овозможуваат константно висок квалитет на излезната отпадна вода, независно од временските и други услови. Операторите со овие системи не треба да поседуваат експертиза или посебни вештини, со оглед на нивната едноставност и високиот степен на автоматизација.
Друга значајна предност е што нашите решенија скоро да не создаваат непријатна миризба, поради тоа што не постои аерација во рамките на процесот.
Каде го гледате потенцијалот на овие технологии во поддршка на напорите на општините во државата во решавањето на предизвиците поврзани со третманот на отпадните води?
Постојат бројни карактеристики на нашите решенија, коишто ги прават одлични алтернативи на досега применуваните пристапи во Македонија. Покрај претходните предности, би навеле дека станува збор за мобилни пречистителни станици кои што можат да се вклучат и исклучат во секое време (ON/OFF режим на работа) без притоа да има ефект врз нивната функционалност.
Дополнително, тие заземаат многу помала површина во споредба со конвенционалните станици. Создаваат помала количина на талог и овозможуваат константен квалитет на пречистената вода независно од степенот на нејзиното загадување.
Сите овие карактеристики, имајќи во предвид дека за истите не е потребна висококвалификувана работна сила, ги прават поевтини и полесни за одржување на дол рок.
Намаленото ниво на непријатни миризби и јаглерод диоксид дополнително ја зголемуваат нивната прифатливост од аспект на строгите критериуми за заштита на животната средина. Пречистената излезна вода е со многу висок квалитет. Како таква таа целосно е во согласност со строгите европски стандарди и може да се користи за други потреби (на пример, наводнување и како индустриска вода).
Како такви, нашите решенија може да се сместат многу блиску до населените места без да има негативни ефекти врз населението. Тие се идеални за населени места со 1,000-25,000 жители. Вообичаена единица на третман (контејнерски тип) е за население до 5,000 жители. Со нивно комбинирање (2 или повеќе единици) се обезбедува третман на поголеми населени места.
Ваквиот модуларен пристап, овозможува флексибилност на третманот во согласност со демографските и другите развојни промени во населеното место.
Одржливоста на системите за третман на отпадните води е сериозен предизвик кај нас. Многу наши системи се соочуваат со нефункционалност поради повеќе фактори. Како вашата технологија ќе овозможи одржлив третман на отпадните води за помалите населени места и зошто е таа подобра опција за општините?
Одржливоста е во основата на иновативниот дизајн на нашите решенија. Сето што досега го наведовме како основни карактеристики води кон поголема одржливост на пречистителните станици. Тоа е нешто што сме го докажале во повеќе земји во светот. Искуствата од примената на нашите решенија се особено позитивни токму по однос на прашањето на одржливоста.
Покрај ниските трошоци за нивно одржување и фактот што не е потребна висококвалификувана работна сила, би сакале да напоменеме дека самото функционирање и одржување на системот е независно од скапи делови и хемикалии коишто треба да се увезуваат од странство. Тоа е всушност нашата најголема иновација. Сé што е потребно системот да функционира може да се обезбеди локално согласно условите на домашниот пазар.
Каков тип на поддршка и обука може да обезбеди вашата компанија за изведба и одржување на овие системи доколку некој одлучи да ги користи кај нас?
Ние обезбедуваме целокупна поддршка низ сите фази на изведба, работа и одржување на системите. Преку наши претставници во Холандија, но и тука, на располагање сме на клиентите на начин што тие ќе се чувствуваат комотно во оперирањето со системите. Во таа насока, високото ниво на автоматизација на процесите е од особена помош, како по однос на обезбедувањето на неопходните податоци, така и во надминувањето на евентуалните оперативни предизвици.
Гледајќи напред, кои се плановите на вашата компанија за понатамошно вклучување на македонскиот пазар. Дали има конкретни партнерства и проекти на повидок?
За време на нашата посета на Македонија имавме одлична можност да ги презентираме нашите решенија на повеќе општини и инженерски компании кои работат на ова поле. Нашиот начин на работа е преку локален дистрибутер кој ќе се специјализира за давање на соодветна поддршка на сите оние што ќе ги изберат нашите решенија.
Со оглед на „зелената ориентација“ на нашата компанија, би биле среќни доколку нашите први решенија ги воспоставиме во населени места во еколошки значајни и сензитивни подрачја како што се прекрасните Охридско и Преспанско Езеро кои што ги посетивме за време на нашата мисија, но и многу други со коишто изобилува Македонија.
Една од нашите предности е тоа што, ние можеме да инсталираме и ставиме во функција една пречистителната станица во период од 6 месеци од одобрувањето на техничкиот проект и обезбедувањето на соодветните дозволи. Тоа е скоро невозможно кај многу други типови на решенија.
Македонските реки и езера се под закана на нетретираните отпадни води и овој тренд доаѓа до точка од која што нема враќање назад. Ние нудиме партнерство во воспоставување на евтини, ефикасни и одржливи решенија на сите одговорни и загрижени за оваа состојба со цел нејзино постепено подобрување.
ПР објава