Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНФРАСТРУКТУРАТА НА КОРИДОРОТ 8 НЕОПХОДНА ЗА ПОТТИК НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА

ИНФРАСТРУКТУРАТА НА КОРИДОРОТ 8 НЕОПХОДНА ЗА ПОТТИК НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА

Стари патишта, лоша инфраструктура без железнико поврзување и гасоводна мрежа која е едвај 5 проценти искористена во просек, таква е сликата на Коридорот 8 на влезот од Бугарија кај Деве Баир, на најфрекфентниот граничен премин кон оваа соседна земја. Во таа насока еден од најзначајните приоритетни инвестиции во државата на економски план во следниот период треба да биде инвестиции долж коридорот 8, што ги поврзува Турција, Бугарија, Македонија и Албанија, констатираше претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во рамки на посетата на приклучокот на гасификациониот систем во Македонија кај селото Жидилово во Крива Паланка, заедно со потпретседателите и со членовите на Управниот одбор на Комората. Само со инвестиции во соодветна инфраструктура как еден од условите за поттикнување на извозот може да се стимулира раст на земјата, посочи Азески. За значењето на Коридорот 8 говори податокот дека трите земји од овој регион со Република Македонија имаат меѓусебна  вкупната вредност на стоковната размена во 2017 година од 1,2 милијарди американски долари што е 9,4% од вредноста на вкупната стоковна размена на Република Македонија со странство. Од аспект, на вкупната количина на разменета стока со трите балкански земји од Коридорот 8 (Албанија, Бугарија и Турција) во 2017 година размената  учествувасо 22,1% во вкупниот обем на стоковна размена со странство.

Во вкупната патна инфраструктура на коридорот 8 од вкупно 960 км патна мрежа, низ Република Македонија поминуваат околу 315 километри. Имајќи го во предвид фактот дека од планираните инвестициони активности на Владата за 2018 година, во  вкупна вредност од 268 милинои евра дел се предвидени за изградба на експресен пат на делницата Ранковце-Крива Паланка, а патниот правец Крива Паланка - Деве Баир, во план е да се гради со кредит од Европска банка за обнова и развој, како Комора сметаме дека државните институции треба активно да работат на целосно исполнување и реализирање на планот, потенцира претседателот Азески.

Во делот на гасоводната мрежа, магистралниот гасовод влегува во Македонија кај Деве Баир на границата со Бугарија и се протега преку Крива Паланка, Кратово и Куманово до Скопје, во должина од 98,197 km, разводна гасоводна мрежа. Преносниот гасоводен систем е проектиран за физички капацитет од 800 милиони нормални метри кубни природен гас годишно. Засега, со користење на само 5% од капацитетот овој енергенс иако економски најисплатлив во Македонија сеуште преставува голем финансиски трошок за компаниите, посочи Азески. Во таа насока, потребно е да се бараат алтернативни решенија и да се овозможи гасот да влегува и од други места во макеоднија како на преимер преку Грција. На тој начин ќе се поттикне конкурентноста и ќе се стимулираат пазарните законитости во делот на дефинирање на цената и снабдувањето со гасот.

Согласно состојбата констатирана на терен претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески изјави дека преку својот претставник во Владата во следниот период активно ќе лобираат да се реализираат капиталните инвестиции, да се исполни планот на Владата за период 2017 – 2021 година, да се изградат експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и автопатот Крива Паланка – Деве Баи кој е всушност и најфрекфентниот пат кон Бугарија. Бизнис секторот презема вакви чекори бидејќи искуството на стопанството покажуваат дека се потребни и повеќе од 3 години за да се реализираат инвестициските активности кои се испорачуваат до Владата.

Сепак, актуелните чекори што ги презема Владата на економски план се во еден дел усогласени со барањата на бинзис секторот, вели Азески преку планот за еконмоски раст. Но на терен реализацијата на капиталните инвестици, процентот на раст на бруто домашниот производ и останатите макроекономски показатели покажуваат дека треба уште многу да се работи за оставрување на планираните проекции.

Слично

Поврзани вести