Економија, финансии, бизнис

Контакт

Информација за реализирање на сезонски собирни пунктови

Информација за реализирање на сезонски собирни пунктови


Почитувани граѓани, сакаме да ве информираме дека Здружението на граѓани за помош и поддршка на бездомници социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ и оваа година организира сезонски собирни пунктови. Истите се наменети за собирање на донации во храна, средства за хигиена, средства за чистење, облека, обувки и постелнина, со цел да им се помогне на бездомниците и сиромашните, посебно во зимскиот период.

За таа цел ве покануваме да ги посетите пунктовите и да дадете свој личен придонес во подобрувањето на условите на живот на оваа маргинализирана категорија на луѓе и при тоа заеднички да делуваме во подигнување на свеста на луѓето и за развивање на граѓанскиот активизам.

Собирните пунктови ќе бидат активни на следниве локации:

ВЕРО - К. ВОДА 

Недела, 06.10.2019 год. 11:00 – 18:00 ч. 

 Вторник, 08.10.2019 год. 12:00 – 19:00 ч.

ВЕРО – АЕРОДРОМ 

Недела, 13.10.2019 год. 11:00 – 18:00 ч

 Среда, 16.10.2019 год. 12:00 – 19:00 ч.

ТИНЕКС - ЗЕБРА 

Четврток, 17.10.2019 год. 12:00 – 19:00 ч. 

Недела, 20.10.2019 год. 11:00 – 18:00 ч.

ТИНЕКС–КАРПОШ 3

Недела, 27.10.2019 год. 11:00 – 18:00 ч. 

 Вторник, 29.10.2019 год. 12:00 – 19:00 ч.

БИДЕТЕ ХУМАНИ  И ДОНИРАЈТЕ СО ЉУБОВ


Слично

Поврзани вести