Индустријата на венчавање на овој остров носи 135 милиони долари
Секоја година на островот Ципар доаѓаат по 3.000 луѓе за да се венчаат.
Жителите тријат раце, задоволни се, а овој остров се нарекува и остров на љубовта.
Тука се венчаат луѓе од Блискиот Исток, затоа што ова е блиска дестинација за нив.
Повеќето двојки се од Либан и Израел. Венчавките на островот се брзи, евтини, пракични за организирање, и што е најважно признати се во нивните матични земји.
Во многу земји од Блискиот Исток граѓанскиот брак не е дозволен и е заменет со верски брак, и затоа двојките одлучуваат да се венчаат на Ципар.
Индустријата на венчавање на овој остров на стопанството годишно му носи приход од 135 милиони долари. Жителите се надеваат дека ова ќе потрае се додека околните земји не воведат граѓански брак.
