Економија, финансии, бизнис

Контакт

Индиец тврди дека има 142 години, а сегашната жена од него е помлада повеќе од 60 години!

Индиец тврди дека има 142 години, а сегашната жена од него е помлада повеќе од 60 години!

Претставници на Гинисовата кмига на рекорди најавија дека ќе ги проверат тврдењата на индиецот Feroz Ud Din Mir кој тврди дека има скоро век ипол. Доколку неговите тврдења се покажат како точни,  Din Mir ќе биде прогласен за најстара личност на светот.

Индиецот Feroz Ud Din Mir тврди дека тој е најстарата личност на планетата и дека има 142 години. Татако е на 10 деца и вели дека има матичен извод на родените на кој како датум на раѓање стои 10 март 1872 година.

Din Mir е роден во планините на северот на Кашмир. Долги години живеел и работел во Пакистан. Индиецот се женел пет пати, прв пат во 1890 година. Во моментов е во брак со својата петта жена, која, ако неговите тврдења за датумот на раѓање се точни, е помлада од него 60 години.

И покрај неговите тврдења дека има речиси век ипол, Din Mir и понатаму се движи самостојно. Исто така, иако видот речиси му исчезнал и бавно зборува, тој и понатаму ги препознава членовите на својата фамилија.

„Во текот на својот живот видов и доживеа се и свашта. Животот некогаш беше многу поедноставен. Кога немаше електрична енергија и друг луксуз се беше многу полесно и просто. Како што условите за живот стануваа полесни, луѓето се отуѓуваа и се потешко им е да живеат едни со други“, зборува Индиецот. 

 

Слично

Поврзани вести