Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имплементиран регионалниот проект „Претприемничко учење“

Имплементиран регионалниот проект „Претприемничко учење“

КултурКонтакт Австрија, во соработка со Министерството за образование и наука и Македонскиот Центар за стручно образование и обука, го имплементираше  од регионалниот проект „Претприемничко учење во Македонија“. 

Основна цел на проектот е Зголемување на квалитетот на наставата по претприемништво востручното образование. Проектот се реализраше во период 2014 – 2017 година, а земји партнери во проектот беа Македонија, Албанија и Косово. 

Унапредувањето на претприемништвото како мотор за економскиот развој, но и како клучна компетенција претставува приоритет за развој во ЕУ и надвор од неа. Во овој контекст, образованието игра клучна улога. За успешното унапредување на наставата по претприемништво потребни се нови пристапи и услови во наставата и учењето и ново партнерство со стопанството.

РЕЗУЛТАТИ

•  17 мултипликатори од Албанија (6), Косово (5) и Македонија (6) беа обучени како обучувачи за Учење претприемништво

•  Беше изготвена програма за обуки и околу 250 наставници од повеќе од 130 училишта добија обука за примена на иновативни методи во наставата по претприемништво

•  Иновативен сет алатки за учење претприемништво е изготвен на албански и на македонски јазик – во печатена и во електронска верзија

•  Наставниците добија упатства за воспоставување

 партнерства со стопанството

ПРЕПОРАКИ

·  Регионален пристап: учење од колеги, размена на искуства

·  Поголем интерес и учество на учениците

·  Нова средина во училницата / Промена на улогите и односите меѓу наставникот и учениците

·  Потребна флексибилност на наставните планови

·  Новата култура на учење и подучување треба да биде поддржана од раководствата на училиштата

·  Обука за инструменти за оценување

Проектот беше спроведен од KulturKontakt Austria во соработка со Министерството за социјална заштита и млади, Националната агенција за стручно образование, обука и квалификации (Албанија); Министерството за образование, наука и технологија (Косово); Министерството за образование и наука и македонскиот Центар за стручно образование и обука (Македонија), додека техчнички партнер беше Волонтерски сервис Скопје.

Слично

Поврзани вести