Економија, финансии, бизнис

Контакт

Имлек Оаза идеи за вкусни паузи во текот на денот

Имлек Оаза идеи за вкусни паузи во текот на денот

Во последната недела од постот, кога веќе добро знаеме колку е важно оброците да ни бидат и вкусни и разновидни, уште повеќе ни значат оние мали паузи што го прават денот полесен, поубав и поисполнет. Токму затоа, Имлек Оаза е одличен избор за сите што сакаат 100% растителен напиток кој лесно се вклопува во различни дневни моменти – од утрински ритуал, до попладневно освежување и вечерно мало уживање. Имлек Оаза доаѓа во повеќе варијанти, меѓу кои овес, бадем, бадем без додаден шеќер, чоко бадем и Овес Бариста, наменет и за подготовка на кафе. 

Лесна, растителна и едноставна за комбинирање, Имлек Оаза може да биде ваш сојузник од утро до вечер, за појадок, ручек, кафе-пауза, ужина или лесна вечера. За вкусна пауза во текот на денот не е потребен голем оброк, туку само добар избор.

Појадок за добар почеток

Започнете го денот со овошно смути од банана, јагоди и Имлек Оаза Овес. Ова е брз и вкусен појадок што лесно се подготвува, а дава чувство на свежина и леснотија уште од утрото. За оние што сакаат кремаста текстура и нежен вкус, овесната варијанта е одлична основа за вакви утрински комбинации.

Лесен ручек со свежа идеја

За ручек подгответе кремаст сос за паста со Имлек Оаза Бадем, во комбинација со спанаќ, лук и печурки. На овој начин добивате лесен, посен и вкусен оброк што брзо се подготвува, а изгледа и делува како вистинско мало гурманско уживање.

Кафе-пауза што се чека со мерак

Попладневната пауза е секогаш поубава со добро кафе. Имлек Оаза Бариста Овес е создаден токму за тие моменти кога сакате шолја кафе со богата текстура и вистинско уживање. Без разлика дали го пиете дома или на работа, ова е мала дневна навика што лесно може да стане омилен ритуал.

Ужина што освежува

Кога ќе ви треба нешто брзо и вкусно меѓу обврските, направете чиа-пудинг со Имлек Оаза Чоко Бадем. Подгответе го однапред и оставете го во фрижидер, а подоцна само додадете малку сечкани јаткасти плодови или свежо овошје. Резултатот е едноставна, модерна и вкусна ужина што внесува мало задоволство во денот.

Лесна вечера за крај на денот

Вечерта е идеално време за нешто лесно, а вкусно. Овесна каша подготвена со Имлек Оаза Бадем, збогатена со цимет, јаболко или суво овошје, е одличен предлог за мирен и пријатен крај на денот. Брзо се подготвува, а нуди топлина и чувство на удобност што секому му годи.

Во денови кога бараме повеќе инспирација за посни оброци, најубаво е кога имаме производ што лесно се вклопува во различни навики и вкусови. Со Имлек Оаза, секој дел од денот може да стане можност за нова вкусна пауза.Понекогаш е доволно само да си дадете неколку минути за нешто што навистина ви годи. 

Изберете го вашиот омилен вкус на Имлек Оаза и направете го денот повкусен, од првата голтка наутро, до последниот залак навечер.

Слично

Поврзани вести