Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИМААТ БИЗНИС КОЈ ЦВЕТА: Како живее најбогатото индијанско племе во Америка

ИМААТ БИЗНИС КОЈ ЦВЕТА: Како живее најбогатото индијанско племе во Америка

Додека многу казина во моментов се соочуваат со потешкотии поради економските услови и растот на онлајн обложувањето, бизнисот на едно индијанското племе во Минесота, САД, цвета.

Станува збор за племето „Shakopee Mdewakanton“ (Шакопи Мдеуакантон), сопственик на казината „Mystic Lake Casino Hotel“ и „Little Six Casino“. Двете казина имаат годишни приходи од над 1 милијарда долари. Така на секој од 500 члена на племето му припаѓаат по околу 1,08 милиони приходи годишно. Ако се додаде фактот дека тие живеат во земја-резерват и не должат данок (според американското законодавство резерватите се ослободени од должност), јасно е зошто за многумина животот на наследниците на домородното американско население се смета за одличен.

Дури е изненадување дека многу од членовите на најбогато племе во Америка живеат во раскошни куќи, возат автомобили од висока класа, патуваат на луксузни одмори, имаат скапи хоби и ... не работат.

„Кај нас невработеноста е 99,2%, вели Стенли Р. Крукс, претседател на племето, во интервју за „Њујорк тајмс“ во 2012 година, пишува сајтот Celebritynetworth. До денес едвај тоа се променило. Затоа одењето на работа е само по желба.

Покрај двете профитабилни казина, племето „Shakopee Mdewakanton“ држи и голф терен, во кој се одржува круг од шампионатот, концертна сала и хотел со 600 соби.

Така племето се јавува и како најголемиот работодавец во општина Скот во Минесота.

Многу од членовите на племето избираат да изградат втор дом надвор од резерватот и да ги запишат своите деца во приватно училиште, за да се подобрат нивните образовни искуства и да можат малите да се здобијат со перспектива за животот надвор од резерватот.

Можеби дури и интересно е дека богатството е сосема новооткриено. Само пред една генерација членовите на племето живееле во приколки без водовод, а три четвртини од нив добивале владинахранлива помош.

Денес поради среќната судбина во бизнисот, „Shakopee Mdewakanton“ се познати по тоа дека често донираат пари за помош на други индијански племиња, како и за различни добротворни иницијатива во САД.


Од 1996 година од племето донирале над 243 милиони долари за различни добротворни цели, вклучувајќи 120 милиони долари за помош на сиромашните племиња.

Слично

Поврзани вести