Има приказни за љубовта, но ниедна како нашата
ЉУПКА НАСКОВА-ЉУБИСАВЉЕВИЌ, СОПРУГАТА НА ПОКОЈНИОТ ПЕЈАЧ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПО НЕГОВАТА СМРТ
„ Со Дуле бевме да даде крв, во средата, на 18 септември, а почина на 23 септември, во понеделникот. Правеше тумор тестови, кои покажаа дека има канцер на дебелото црево. Мене ништо не ми кажа. Им спомнал на неколку пријатели, кои ме известија по неговата смрт. Сите биле предупредени дека не смеат да ми кажат, ги преколнувал. Не можел да ме гледа како се нервирам. Тие денови често плачеше. Ќе го прашав: „ Погледни ме в очи и кажи ми што размислуваш? “, а тој ќе ме погледнеше и велеше: „Плачам од среќа, многу сум среќен со тебе и со Илијана. Ова ми е најубавиот дел од мојот живот“, раскажа Љупка на 24 октомври во 2013 година во својата исповед за весникот Вест. Дуле на клиниката за Токсикологија во Скопје беше примен доцна вечерта на 21 септември, а почина два дена подоцна.
Помина точно 21 година откако пошироката јавност ги запозна виолината и гитарата, на Макфест во 1996 година. Штипското дуо Дуле и Коки од дебитанти, станаа шампиони на нивниот омилен, домашен фестивал со песната „Виолина и гитара“. Пред тоа, а и многу години потоа важеа за кралеви на клупските свирки, и останаа кралеви до самиот крај, во 2013 година.
Повеќе може да прочитате на zenskimagazin.mk.