ИМА ПРЕКРАСНА РАБОТА: Цел ден е на Малдиви, а навечер е во друштво на холивудски ѕвезди
Мајл Далеј ја има најдобрата работа на светот.
Тој денот го поминува на Малдиви, на песочните плажи, а бидејќи е астроном навечер ги гледа ѕвездите и тоа често во друштво на холивудски ѕвезди.
„Морам да станам и да проверам да не е сето тоа сон“ - вели овој 36 годишен Австралијанец коментирајќи за својата работа.
Тој во текот на својот живот студирал повеќе работи, но сфатил дека мора нешто да работи до крајот на својот живот и барал да биде тоа нешто забавно.
Работата ја добил во септември лани, кога станал астроном на Малдиви.
Навечер овој човек е задолжен да им ги покаже ѕвездите на луѓето кои летуваат на Малдиви, а меѓу нив биле и познати лица како Мадона, Бред Пит, Гвинет Палтроу, Кејт Винслент, Ричард Бренсон.
Посебно го издвојува Вил Смит, за кој вели дека многу го почитува и е запознаен со неговата работа.
