Економија, финансии, бизнис

Контакт

IM.MK стана Facebook маркетинг партнер

IM.MK стана Facebook маркетинг партнер

Facebook ја објави новата Facebook маркетинг партнер програма. Новата партнер програма ја заменува постоечката Facebook preferred маркетинг девелопер програма.

Помеѓу 100-тината компании од целиот свет, ни претставува особена гордост да споделиме дека единствената компанија од регионов со овој статус е и македонската компанија ИМ.МК!

Новата Facebook маркетинг партнер програма ќе им овозможи на маркетерите, клиентите и брендовите да го најдат својот партнер врз основа на нивните специфични маркетинг и бизнис потреби.

Оваа програма дава нов беџ кој рефлектира дека IM.MK ги има надминато поставените Facebook партнер стандарди.

im

Посветени кон развој на производи и услуги кои ја зајакнуваат емотивната врска помеѓу брендовите и нивните купувачи и продолжувaaт да учат и растат како професионалци со целосен фокус во разбирање на важноста на влијанието на Facebook платформата.

Во наредниот период ќе продолжат со изградбата на неверојатни искуства за корисниците на нивните апликации и ќе се насочат кон иновација во напредни маркетинг производи интегрирани со Facebook платформата.

Посетете го нивниот профил во платформата овде, и ве покануваме слободно да ги контактирате за повеќе информации поврзани со Facebook маркетинг партнер програмата.

Слично

Поврзани вести