Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илјадници луѓе на седумдневната геј парада во Прага

Илјадници луѓе на седумдневната геј парада во Прага

Со 120 концерти, изложби, проекции на филмови, спортски настани, дискусии и забави ќе се одбележува петтата по ред геј парада во Прага.

Фестивалот ,, Праг прајд” започна денеска, во центарот на градот и ќе трае до сабота. На пладне плоштадот „Вацлавске намјести“, беше преплавен од илјадници луѓе облечени во боите на виножитотото.

Овогодинешниот слоган на парадата на хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците и транссексуалците гласи ,,Сите сме подеднакво топли”.

На отворањето на парадата на гордоста ќе настапи и австриската брадеста пејачка Кончита Вурст, која во 2013 година победи на Евросонг.

Инаку, Чешка од 2006 година е усвоен Законот за регистрирани партнерства, со кој се легализираше бракот меѓу хомосексуалните двојки.

Слично

Поврзани вести