Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илинден поставува водомери со далечинско отчитување

Илинден поставува водомери со далечинско отчитување

Општина Илинден во соработка со Јавното претпријатие „Илинден“ работи на модернизација на водоснабдувањето и изминатава година во Марино поставени 50 водомери со можност за далечинско отчитување, информираат од општината.

„Принципот носи многу придобивки, меѓу кои се намалување на загубите на вода, лесното и едноставно читање и одржување на водомерите, како и континуираното следење на потрошувачката. Овој систем за далечинско отчитување е наменет за прием, обработка и пренос на импулсите од водомерите. Преку радиомерите поставени на најблиските бандери до домаќинствата, информацијата се пренесува до концентраторот, преку кој службите ги добиваат информациите, со што веќе не мора вработен во претпријатието да ги посетуува домовите за да ги чита водомерите,појаснуваат од општина Илинден. Проектот на менување на класичните водомери со водомери со далечинско отчитување целосно го инвестира општина Илинден, а граѓаните се ослободени од дополнителни трошоци.  
Слично

Поврзани вести