Економија, финансии, бизнис

Контакт

Или бегај или бори се!

Или бегај или бори се!
Не постои лесно решение за недостатокот на мотивација на работа, но она што ги разликува успешните луѓе од оние кои се помалку успешни, е токму способноста да ја гледаат иднина помалку депресивна и да размислуваат позитивно. „Искуството во управувањето со човечките ресурси, но исто така и голем број студии за атмосферата во компанијата и ангажираноста на работниците со кои разговарав, покажуваат дека парите се само еден аспект на мотивацијата, и тоа не секогаш најважниот. Притоа важноста на материјалните награди се намалува во зависност од сложеноста на задачите, и од квалификациите на вработените ", вели Барбара Ружиќ, професор по психологија и директор на компанија за управување со човечки ресурси. Поточно, вработените кои се наоѓаат на полесните и поедноставни работни, фокусирани се на висината на платата и задоволување на основните животни потреби. Од друга страна, вработените на комплексни работни места се фокусирани на задоволување на потребите за личен развој, кариера и можност за натамошно учење. Исклучок се повисоките нивоа менаџментот кои се фокусирани на постигнување на резултати. Важно е да се истакне дека признанијата и почитувањето се исклучително важни за сите вработени, без оглед на која позиција тие работат. Сепак, останува прашањето што можеме да направиме кога ние се чувствуваме немотивирано? „Се е прашање на избор", вели Ружиќ. Добро е ако има можност, со колега од доверба, да се разговара за ситуацијата и да се утврди дали е проблемот во нас, или произлегува од околната средина. „Ако проблемот е во нас, добро е почнеме со самонаградување за сите мали нешта кои се добро направени. Ако проблемот е во околината, има само две одлуки- Бегај или бори се! И тие се единствениот избор. Секој заобиколен, трет пат само може да не однесе во болест ", заклучува психологот.
Слично

Поврзани вести