II Симпозиум „Новитети во офталмологијата“
„Систина Офталмологија“ и оваа година го организираше регионалниот офталмолошки симпозиум „Новитети во офталмологијата“, акредитиран од Лекарската комора на Македонија. Симпозиумот се одржа на 04.11.2017 во хотел „Мериот“ Скопје.
Предавачи на овогодинешниот симпозиум беа проф. д-р Никица Габриќ, доц. д-р Ратимир Лазиќ, д-р Анте Баришиќ, д-р Маја Бохач од „Свјетлост“, Загреб и д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска и д-р Викторија Филева од „Систина Офталмологија“.
Настанот беше посетен од околу 300 гости од Македонија, Хрватска, Србија и Косово. Освен офталмолози, присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози, и специјализанти од Медицински факултет.
На учесниците на II-отсимпозиумот „Новитети во офталмологијата“ им беа презентирани новите техники, од 2017 година, кои се применуваат во „Систина Офталмологија“ во третманот на катаракта, аблација на ретина, корекција на диоптрија, кератоконус и страбизам. Воедно, беше дискутирана и потребата од меѓусебна соработка на докторите од различни области, за да се овозможи интегрален пристап при решавање на очните состојби и целокупната грижа на здравјето на пациентите во Македонија.

„Систина Офталмологија“ во Македонија постои од 2010-та година, и е првата очна болница која дијагностички и хирушки ги третира сите проблеми со видот и очите, со примена на индивидуален пристап. Во 2015-та година, преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надгради и зголеми обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфорт во своите животни навики. „Систина Офталмологија“ доследна на својата општествена одговорност, инвестира во едукација на амбициозни доктори со тоа што им овозможува специјализација во европските очни центри, кои своето знаење, понатаму ќе го пренесат во нашата земја.
