ИГОР ЗА МАЛКУ НЕМАШЕ ДА ГО ПРЕЖИВЕЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ: Емотивна приказна на маестро Џамбазов
Само неколку секунди откако Анче го извади Игор од колевката, почна силно да тресе. Дел од ѕидот на таванот се изрони и големо парче падна токму на неговото креветче. Да не реагираше Анче на време, не сакам ниту да помислам што ќе му се случеше на нашиот син тогаш“, се присети познатиот композитор и диригент
Актерот Игор Џамбазов имал само 11 дена кога се случил катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули во 1963 година. Неговиот татко, маестро Александар Џамбазов се сеќава дека, ако не била неговата бебешка вознемиреност која ги предупредила, ни Игор ни семејството можеби немало да го преживеат тој кобен ден.
Слично
