Идеја: Направете си сами домашен прашок за перење
Зошто воопшто да експериментирате со „домашните препарати“? Затоа што се поефтини, спаѓаат во поздрава варијанта и многу се погодни за оние кои имаат проблеми со алергиите.
Значи за домашен прашок за алишта ќе ви бидат потребни следните состојки:
-1 сапун за алишта (можете и сами да го направите)
-300 гр боракс (Бораксот е природен минерал - сол на борната киселина, бел кристален прав растворлив во вода)
-300 гр калцинирана сода (може да ја купите во земјоделски аптеки)
-1 лажица од вашето омилено етерично масло
Сапунот изрендајте го и сипете го во лонец со врела вода (околу 500 мл). Кога се излади додајте го етеричното масло. Измешајте ја добиената смеса со боракс и сода. Вашиот прашок е готов!
За подобар ефект, кога перете бел веш додајте и една лажичка сода бикарбона.
